Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Името мора да се реши за да се отвори патот кон ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on April 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целата Влада има заеднички став за разговорите за името. Свесни сме дека таа пречка треба да се надмине, да се отвори патот кон интеграција во Европската унија и НАТО.

За жал, сите се убедивме дека без некое решение нема да се отвори патот и треба сите да инвестираме и да се надеваме дека ќе најдеме некој добар компромис, смета вицепремиерот Муса Џафери, кој ќе го придружува лидерот на ДУИ за време на посетата на САД.

Вицепремиерот Џафери не одговори дали тој и Ахмети ќе се сретнат со медијаторот во разговорите Метју Нимиц.

– Прво сакам да кажам дека господин Ахмети ретко патува надвор. Тоа е потребно и добро што ќе ја посети Америка. Ќе има средби и со нашите граѓани што работат и живеат таму и со државната администрација на САД. Сигурно зависно и од Американците ќе има разни теми и ќе се зборува за политичките процеси тука и во регионот, кои се идните приоритети, кои се нашите цели, изјави Џафери.

Без разлика на јавното мислење, додаде Џафери, целата Влада има заеднички став.

– Сите ние сме свесни дека таа пречка треба да се надмине, да се отвори патот кон интеграција во Европската унија и НАТО. За жал, сите се убедивме дека без некое решение нема да се отвори патот и треба сите да инвестираме и да се надеваме дека ќе најдеме некој добар компромис, кој нема да ја стави ниту една од страните во незгодна ситуација. Мислам дека треба двете страни или сите страни да победат, што ќе резултира со членство во НАТО и во ЕУ. Ние со нашите соседи ќе бидеме во исти организации, изјави Џафери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.