Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Името на училиштето Александар Македонски- „прошверцуванo“

0
By Нова ТВ on September 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 3, 2013 15:57


Предлог-одлука за основање основно училиште пред Советот на општина Аеродром била ставена на гласање со оставени празни места онаму каде требало да биде наведено името на училиштето „Александар Македонски“, објаснува за НОВА, координаторот на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева. Погледнете од разговорот како течела целата процедура.

Кога подоцна побарале одговор зошто училиштето го носи називот „Александар Македонски“, одговорното лице од администрацијата во општината им одговорило дека така им било кажано од Министерството за образование.

НОВА побара одговор од Министерството оразование но, таму повикувајќи се на законот за основно образование ни рекоа дека советниците на општините сами носат одлука која се става на гласање пред Советот.

Советниците од опозицијата за називот на училиштето дознале од „Службениот гласник“ кој излегол на 21 минатиот месец.

Спротивно на ова координаторот на советничката група предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Пане Антески, за НОВА изјави дека сите советници во општина Аеродром, едногласно ја донеле одлуката за новото училиште. „Сите 25 присутни советници гласаа „За“, никој не беше против името Александар Македонски“, рече Антески.

Со сечење лента вчера свечено беше пуштено во употреба новото училиште во Реонски центар „Аеродром“, „Александар Македонски“, а во оваа учебна 2013/2014 година се запишани 167 деца од прво до петто одделение. Се очекува да се зголеми бројот на одделенијата со запишување нови ученици.

Советниците на СДСМ се револтирани и поради, како што велат, игнорантскиот однос од страна на Општина Аеродром, која никогаш не ги повикува при презентација на нови проекти, кои и тие ги поддржуваат. Потсетуваат дека ова училиште е од програмата на градоначалникот уште од претходниот мандат од 2009 година и апелираат тој да се зафати со новите проекти.

На следница седница на општината в четврток советничката група на опозицијата ќе побараат одговор на прашањето зошто училиштето го носи називот „Александар Македонски“, кое според нив можело да биде именувано како Јане Сандански поради тоа што се наоѓа во истоимената населба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.