Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Името наспроти ЕУ и НАТО: Лажна дилема?

0
By Влатко Чаловски on October 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 2, 2013 17:49


Која е суштината на проблемот и поврзани ли се спорот со името со промената на државниот идентитет, беше главната тема на денешната дебата насловена „Името наспроти ЕУ и НАТО: Лажна дилема?“ во организација на Институтот за политички и интеркултурни студии поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Уште на самиот старт пред почетокот на излагањата на своите ставови, еден од панелистите, поранешниот амбасадор Ристо Никовски го начна прашањето „што е суштината на проблемот“.

Прашањето кое првично се надоврза на оваа тема беа зборовите на професорот Владо Поповски кој ја потенцираше дилемата дали она што за Македонија претставува историска реалност е прифатливо за грчката страна, на што се надоврза Никовски кој потенцираше дека „со менувањето на името на овој народ ќе започне и голготата на земјава, бидејќи тогаш државата не би била потребна а апетитите на другите фактори ќе се зголемат“, алудирајќи на поделба и балканска војна.

Никовски гласно алудираше дека на Македонија главен противник од 2008 година наваму не е Грција, туку Брисел и САД.

На дебатата околу тоа дали прашањето за името е лажна дилема, свој став изнесе и професорот Петар Атанасов, кој праша што е правилно: Македонија во овој спор да се води по меѓународното право или по меѓународните фактори. Тој истакна дека Грција има многу црвени линии, кои постојано ги зголемува, но прашањето е, кои се линиите на Македонија, бидејќи како што посочи тој, на јавноста очигледно не и се познати, власта ги води во затворен круг, а кога би се знаеле, вели тој, има многу фактори, домашни и меѓународни, кои би сакале да помогнат.

Ѓорѓи Ќимов од агенцијата „Брима“ пред да заклучи дека, Македонија треба да постигне консензус а потоа и компромис, презентираше истражување според кое поголемиот број од речиси 1400-те анкетирани граѓани, за разлика од 92’ година, денес се убедени дека државата се движи во погрешна насока, односно 57% од испитаниците наспроти 37% кои денес сметаат дека земјата е на добар пат.

Како што се наближуваше крајот на дебатата, таа стануваше се пожестока. По „космополитските видувања“ на поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, која праша дали индетитетот е гаранција за државата, се надоврза Никовски кој нотираше дека не постои заеднички европски идентитет. За него јасно било дека работата на нејзината партија ДУИ и посебно изјавите на лидерот на партијата, Али Ахмети кој изјави дека Горна или Северна Македонија е прифатлива опција за Албанците, поради непостоење координација во власта, ја руши заложбата на самата власт и ги зајакнува позициите на Грција.

Професорот Стево Пендаровски смета дека прашањето за името не може да се реши без надворешна интервенција, но можно е Македонците и Албанците без странците да седнат и да се договорат што е државата Република Македонија, што е нејзиниот супстрат, што е нацијата, односно народот македонски. За тоа што е македонскиот народ, вели, тоа мора да биде ексклузива на Македонците бидејќи само тие имаат право да кажат кои се и што се. Но, за супстратот на државата, според него мора сите да се прашаат што живеат овде.

– Во една екстремна варијанта Македонија може да преживее и без ЕУ и без НАТО, но не може да преживее без меѓуетнички консензус, за тоа во каква Република Македонија сакаме да живееме и конечно, што воопшто не држи да живееме заедно во иста држава, рече Пендаровски.

Поранешниот советник на Бранко Црвенковски, Кире Наумов, во своите излагања ја обвини власта дека не учествува во јавните дебати за реалните ставови, и дека она што не го кажуваат тие, го кажуваат моќните медиумски пера и аналитичарите иако и тие можеби се согласуваат со таквите ставови.

Експлицитен став, за страната на Албанците, произнесе претседателот на невладината организација АДИ Aлберт Муслиу, кој на поранешниот амбасадор Никовски му одговори дека не станува збор за менување на државен идентитет, бидејќи лично тој не се идентификува со Александар Македонски и менувањата на имињата на скопскиот аеродром и патиштата, а менувањето на името не значи менување на државниот идентитет.

Денешната дебата, „Името наспроти ЕУ и НАТО: Лажна дилема?“ е втора од циклусот дебати: „100 години од Балканските војни: историска можност за трајно помирување помеѓу народите“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за политички и интеркултурни студии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.