Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имотна состојба: Талески во своја одбрана обвини за нацизам

0
By Нова ТВ on November 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2013 19:21


Наместо одговор како градоначалникот Владимир Талески го зголемил својот имот за 6 милиони денари во еден мандат, на вчерашната Седница на општинскиот совет во Битола, слушнавме лични навреди и нервозни реакции од негова страна, изјави денеска на прес конференција Васко Ковачевски од СДСМ.

Талески го спушти својот вокабулар на најниско ниво, рече Ковачевски, поставувајќи прашања до битолскиот градоначалник, но и до јавноста:

-Како за периодот од 2009 до 2013 година, според неговите анкетни листови успеал да го зголеми неговиот и имотот на сопругата за 6 милиони денари? Како успеал тој да има денарска заштеда на неговата сметка од 3 милиони денари? Како неговата сопруга, само за 4 години успеала да купи стан од 2 милиони денари, да заштеди 760 илјади денари и да набави накит од 360 илјади денари? Тоа значи дека тој и сопругата заштедувале по 125 илјади денари месечно! Од што живееле тогаш Талески и сопругата, праша Ковачевски

Промените во анкетниот лист Талески ги објаснува со барањето на Антикорупциска комисија да се внесат ставки кои претходно не биле задолжителни.

-Затоа тој љубоморно кажува дека се зголемил имотот. Не се работи за зголемување туку се работи за вредности кои што претходно не биле внесени. Гледам многу се жести околу накитот или платите. Таа плата не е од еден мандат. Она што тој го гледа е од сите години мое работење, рече Талески.

Талески го обвини Ковачевски за нацизам, но и дека СДСМ е во фаза на халуцинација и измислуваат работи кои што не постојат:

-Васко има талент на нацистичка Германија и инквизицијата која што работела во другите векови. Тој ги отстрани сите луѓе кои што беа советници, ја подели партијата за личен профит и лична корист, надевајќи се дека следниот пат ќе биде пратеник, обвини битолскиот градоначалник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.