Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имплементирана Програмата за детска заштита по примерот на земјите од ЕУ

0
By Marija Todorovska on January 26, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика со поддршка од УНИЦЕФ ја имплементира Програмата за детска гаранција по примерот на земјите на Европската унија.

Министерката Јована Тренчевска на денешната промоцијата на Прогрмата оцени дека оваа иницијатива ќе овозможи намалување на трансгенерациската сиромаштија.

Тренчевска истакна дека гаранцијата на децата по примерот е успешен модел кој се применува во европските земји и изрази благодарност до УНИЦЕФ за поддршката при имплементацијата на детската гаранција.

-Владата на Република Северна Македонија пред неколку седници ја усвои Националната стратегија за човечки капитал, еден од највредниот човечки капитал во државата токму се децата, нашите најмлади. Во изминатиот период МТСП преку различни активности и во делот на инфраструктурата, градење на градинки, овозможување на пристап на децата од сите средини до предучилишно образование преку јакнење на кадарот во градинки овозможи всушност зајакнување и на праата на децата, намалување на сиромаштијата преку различните мерки коишто ги направивме во делот на измената на Законот за детска заштита, зголемувањето на правата, финансиската поддршка во делот на правата од детска заштита, големиот број на пакети на финансиска поддршка токму на најмалите, всушност на децата од основното и средното образование преку финансиска поддршка на семејствата со ниски приходи. Сите оние реформи коишто ги направивме во процесот на деинституционализација и децата со попреченост е посветеноста на Владата кон решавање на проблемите со детската сиромаштија, изјави Тренчевска.

Додаде дека изминатиот период по ковид кризата преку сет мерки и програми била ублажена детската сиромаштија.

-Детската сиромаштија и глобално сиромаштијата во државата, особено по КОВИД кризата и антикризните мерки ја ублажуваме токму преку сет на различни мерки и програми коишто ги презедовме. И токму оваа детска гаранција, имплементација на Програмата на детска гаранција покажува посветеност и на Владата, меѓутоа конкретно и на МТСП каде всушност во портфолиото е и надлежноста за работа на детските права. Намалувањето на детската сиромаштија оди и преку овозможување на пристап на сите деца до различните услуги од областа на образованието, социјалната заштита, здравство и слично, подвлече Тренчевска.

Во однос на тоа што се презема за решавање на случаите во кои деца се жртви на насилство, министерката рече дека најголем дел од случаите на насилство врз децата воопшто не се пријавени во надлежните центри за социјална работа.

-Затоа и не само апел до семејствата, туку воопшто до сите граѓани кога сме сведоци на насилно однесување на повозрасен член или граѓанин кон малолетно дете треба и ние да имаме одговорност и истото да го пријавуваме во надлежниот Центар за социјална работа за да можеме да превенираме да не доаѓа до посериозни последици врз нашите најмлади, врз децата. Во таа насока е и оваа гаранција за деца, односно детска гаранција која што се спроведува во најголем дел од европските земји успешни примери се Хрватска, Словенија во нашето опкружување, Грција каде што дава одлични резултати и затоа реков дека детската гаранција не се фокусира само на материјалните права, појасни Тренчевска.

Информира дека изминатите месеци се преземале сериозни акции за отстранување на децата од улиците.

-По усвојувањето на стандардите, на оперативните процедури навистина центрите за социјална работа заедно со полициските станици, со службениците во полицијата преземаат сериозни акции на лице место. Ќе видите дека особено во Скопје на многу фреквентни места каде што беа присутни децата на улица веќе ги нема и ова не е нешто што можеме да го завршиме за една недела. Нашата посветеност останува и понатаму, така што верувам дека со детската гаранција ќе застанеме на патот токму и на децата на улицата, искористувањето на децата да ги пуштат децата на улица да просјачат, посочи министерката.

Претставаничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани оцени дека земјата веќе презема сериозни чекори на ова поле и изрази надеж дека ваквата заложба ќе продолжи и во иднина.

-Ова треба да се гледа како пакет за да се подобри ситуацијата на децата и тоа не подразбира само финансиска поддршка, туку и поддршка преку различни услуги бидејќи за да се надмине сиромаштијата треба да се помогне во различни полиња како што се социјалната заштита, здравството итн. Поентата на оваа програма е децата да можат да го постигнат целосниот потенцијал. Оваа гаранција веќе се применува во други земји и чест ми е што почнува и тука. Се применува преку пакет на различни услуги со цел да сме сигурни дека секое дете ќе го постигне максималниот потенцијал. Ова не е добро само за децата, туку и за семејствата, заедниците и општеството. Се надевам дека ќе продолжиме со овие чекори и во иднина, истакна ДиЏовани.

Европската гаранција за деца е механизам на ЕУ за спречување од социјалната исклученост на децата на кои им е потребна преку гарантирање пристап до група на клучни основни социјални услуги. Детската гаранција има за цел да обезбеди ранливите деца да имаат пристап до квалитетни услуги, односно да се определат минимални пакети на услуги за секоја група на најзагрозени деца. Гаранцијата, која е веќе имплементирана во неколку држави во Европа, воведува иновативни пристапи кон националното буџетирање, планирање и развој на националните акциони планови за намалување на детската сиромаштија и за справување со систематските неповолности за особено ранливите деца. Има за цел да овозможи ефективен пристап до основните социјални услуги за ранливите деца, како и насочени и специјализирани услуги соодветни и прифатливи за децата и нивните старатели, на не -стигматизирачки и недискриминаторски начин.

деца ЕУ Програма за заштита на децата сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.