Во 66-та година од животот во Мелбурн , Австралија почина композиторот Тоде Новачевски по повеќегодишно тешко боледување.

Тој е познат по тоа што неговиот композиторски потпис стоеше на песните- најголеми хитови на Маријана и Росана, како  „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски беше автор и на музиката за ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.

Од бракот со Маријана имаат две деца.