Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина чешката тенисерка Јана Новотна

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 СПОРТ
Фото: sportskeeda.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагична вест од Чешка го погоди тенискиот свет. По долга и тешка болест почина Јана Новотна (50). Најголемиот успех во кариерата го забележа на Вимблдон во 1998 година со триумфот во финалето над Французинката Натали Тозија. Претходно одигра уште два меча за титула на лондонската трева – во 1993 година загуби од Штефи Граф, а во 1997 година од Мартина Хингис. Покрај единствената гренслем титула во поединечна конкуренција, Новотна беше сопственичка на уште 16 во женски двојки од кои четири во Лондон, по три на Ролан Гарос и на Ју-Ес опен и две на Австралија опен. Во нејзиното богато досие стојат и четири победи на големите турнири и во мешани двојки, конкуренција во која не успеа да слави само во Париз.

„Јана беше инспирација на теренот и надвор од него за сите кои имаа прилика да ја запознаат. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе сјае во историјата на ВТА“, изјави Стив Сајмон, извршен директор на ВТА, по дознавањето на веста од Чешка.

Новотна беше позната по својот сервис и волеј игра што според многумина ги практикуваше најдобро во нејзината генерација. Најдоброто рангирање на ВТА листата го достигна на 7 јули во 1997 година кога беше втора светска тенисерка. Во кариерата што траеше 14 години освои вкупно 24 ВТА титули во сингл и уште 76 во дубл и два сребрени медала и еден бронзен на Олимпијадите. Со чешката репрезентација триумфира во Федерејшн купот во 1998 година.

Новотна беше примена и во Меѓународната тениска куќа на славните во 2005 година.

ИН МЕМОРИАМ Јана Новотна тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.