Published: Thursday, November 14, 2013 22:04
Десет лица вечерва околу 19 часот, влегле во автобусот со број 45 на последната станица и вооружани со дрвени палки ги претепале патниците, јавуваaт македонските медиуми.
Неофицијално, во инцидентот повредени се осум деца, за кои има информации дека претежно се среношколци.
Жителите на скопското село Стајковци во знак на протест го блокирале патот за влез во селото, со барање полицијата да превземе мерки бидејќи нивните деца често се соочуваат со насилници додека се враќаат од училиште.




