Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индекс на безбедност: Страв од Голема Албанија и меѓународна изолација

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општиот индекс на безбедност на Република Македонија е 3,07, оценка што покажува дека безбедноста се уште е ранлива како резултат на проблемите со кои се соочуваат луѓето како поединци. Индексот за регионална безбедност изнесува 3,48, но сепак дел од граѓаните во Македонија сметаат дека идејата за Голема Албанија се уште е жива и може да влијае во внатрешно дестабилизирање на државата.

Ова се податоци кои денеска беа презентирани од истражувањето за безбедносните предизвици на Република Македонија, на промоцијата на публикацијата „Индексот на безбедност“ од авторите Цане Мојаноски и Марјан Ѓуровски.

– Врз основа на прашањата кои произлегуваат од идентитетската и социетална безбедност е стравот кај дел од граѓаните дека се уште е жива идејата за Голема Албанија или пак стравот кај дел од албанското населенија доколку Република Македонија до крајот на 2019 или почетокот 2020 година не го заокружи процесот на евроатлански интеграции, раѓа различен страв и фрустрации кај дел од граѓанството. Токму тие интеграции се единствениот проект кој ги обединува сите граѓани во Македонија. Преку ова истражување се потврдува дека единствен кохезивен проект е членството на Македонија во НАТО кое ќе овозможи безбедносна стабилизација, истакна Ѓуровски.

Според него, токму поради тие стравови кај  граѓаните, независно од нивната етничка припадност, безбедносниот систем треба посветено да работи на процесот на реформи и проценка на безбедносните ризици и нужно е Македонија да ја искористи  историската шанса да стане 30 членка на Алијансата.

Професорот Цане Мојановски појасни дека анкетата е структрирано интервју. Тој вели дека во тет-а-тет разговор на теренската анкета  која е спроведена до крајот на јануари 2018 година, од испитаниците 22 проценти се од албанска етничка заедница и напоменува дека треба да се има предвид дека некои од актуелните состојби можат да се препознаат како индикации кои уште од почетокот на годината постојат како грижи кај граѓаните, но и дека во втората половина од оваа година се добива поинаков интезитет. Тоа според него се должи на релациите кои ги оствари Македонија со соседите со потпишувањето на договорите, но и со политиките на Балканот, посебно околу идеите за размена на територии или прекројување на границите.

Индексот на лична безбедност кој изнесува 2,86, според авторите, се должи на самата околина, традицијата… која овозможува поголем дел од нив да се чувствуваат безбедни во средината каде живеат, односно за тоа се изјасниле 78 проценти од испитаниците. Во испитувањето на јавното мислење граѓаните го оценувале работењето на носителите на одлуки во безбедносниот систем, а најмногу процентуално за оценка 5 се определиле за Армијата на РМ. Полицијата е оценета со 4, Владата и претседателот на РМ со 3, Собранието е оценето со 2, додека најниска оценка испитаниците дале за судството.

Според авторите, во државата не е воспоставен механизам за градење на политичко-безбедносна проценка, во системот на поделба на власта одделните државни органи имаат нагласена улога на самостојност, без јасно видливи облици на координација и синхронизирана активност. Нема поцелосна (или јавно соопштена) анализа за функционалноста, ефектите и постигнувањата на органите во остварувањето на безбедносната проценка и во преземањето на организирани и синхронизирани активности во справувањето со безбедносните ризици и закани.

голема албанија Индекс на безбендост истражување меѓународна изолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.