Најмалку седуммина загинаа денеска во јужниот дел на Индија по уривање на петкатна зграда, кој се уште била во изградба.
Како што пренесуваат медиумите од светот, близу 40 луѓе останале затрупани под урнатините во индиската држава Гоа. Несреќата се случила во Канакон, на околу 70 километри од Панаџија, главниот град на Гоа.
Според соопштувањата на претставниците на локалната полиција, се уште не е утврдено колку луѓе се наоѓале на местото на несреќата.
Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, обидувајќи се да стигнат до затрупаните луѓе.
Очевидците го споредуваат настанот со земјотресите, бидејќи теренот бил со мала видливост од прашината која се создала кога зградата се урнала. Се уште се утврдуваат и причинитеза колапсот на пет-катницата.