Селското собрание во сојузната индиска држава Западен Бенгал одлучило жената обвинета за прељуба на својот сопруг да биде казнета со силување и тоа од 12 мажи, пренесува India News Channel.
Одлуката е донесена откако 20-годишната жена била фатена со маж од друга заедница.
Нејзините родители немале 25 илјади руплји (400 долари) за да ја платата паричната казна и да ја избегнат казната силување заради вонбрачна врска. Полицијата поради тоа уапсила 20 лица.
„Претседателот на селското собрание повикал итен состанок на локалниот плоштад каде што девојката и нејзиниот љубовник биле врзани за дрво и им била одредена казната од 25 илјади руплји. Нејзините родители немале пари па заради тоа е наредено силување, додека мажот е ослободен зашто се согласил на парична казна која ќе ја плати за една недела“, рекол полицискиот началник Ц.Судакар.
Групното силување кое се случило во Бирбхум, од каде што потекнува и претседателот на Индија Пранаб Мукхери, ја шокираше целата држава, која долго време се бори бруталните силувања на индиските жени.