Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индијан Велс: Алкараз, Зверев, Лехечка и Синер продолжуваат, Циципас испадна

0
By Zoran Ivanov on March 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2024 13:19

На „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс се одиграа  четири осминафинални дуели. Минатогодишниот шампион Карлос Алкараз, Александар Зверев, Јиржи Лехечка и Јаник Синер продолжуваат напред.

Светскиот рекет број 11, Стефанос Циципас е елиминиран откако загуби со 2:6, 4:6 од Јиржи Лехечка, кој исто така изненади во претходното коло, елиминирајќи го Андреј Рубљев. За Чехот ова ќе биде прво четвртфинале на „Мастерс“.

Карлос Алкараз, исто така, продолжува во четвртфиналето. Шпанецот немаше посебни проблеми со Фабијан Марочан и успеа да му се реваншира на светскиот рекет број 58 за поразот од Рим минатата година. Алкараз победи со 6:3, 6:3 и го постигна деветиот последователен успех во Индијан Велс.

Александар Зверев направи пресврт против Алекс де Минор и исто така обезбеди пласман во четвртфиналето. Германецот победи со 5:7, 6:2, 6:3, а следен противник му е Алкараз. Зверев спаси 8 од вкупно 11 брејк топки, а исто така 5 пати победи на сервис на Де Минор.

Шампионот на Австралија опен, Јаник Синер оствари триумф над Бен Шелтон со 7:6(4), 6:1 и ја забележа својата 15-та последователна победа од почетокот на годината. Неизвесност имаше само во првиот сет, по што Италијанецот не остави сомнеж за својата надмоќ.

И кај дамите имаше интересни пресметки, а „носталгичната“ беше помеѓу Каролин Вознијацки и Анџелик Кербер. Тенисерката од Данска одигра постабилно и победи со 6:2, 6:4 на првиот меѓусебен меч од 2018 година.

Светската тенисерка број 1, Ига Швионтек и даде само три гема на Јулија Путинцева – 6:1, 6:2. Тоа беше 28-ма победа во последните 30 натпревари за полската тенисерка, а следна пречка е Вознијацки, со која се има сретнато само еднаш на тениските терени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.