Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индиската недела чинела половина милион евра

0
By Нова ТВ on October 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 5, 2013 19:38

Индиската недела во Македонија чинела половина милион евра. Единствено просторот на Новиот театар бил отстапен бесплатно, друго се платила индиската групација Сахара груп. За опремување на салите, стадионот и останатите потребни работи биле платени 100 000 евра пишува Утрински весник.

Индијки, танчери, музичари, актери, поранешни мисици, па дури и поранешен премиер на влијателна европска држава продефилираа низ Скопје, а дојдоа и готвачи за да ја зачинат гала вечерата.

Само за хотелското сместување на гостите и учесниците на фестивалот биле потрошени 150 илјади евра, а за авионски превоз на делегацијата и на танчерите од Индија биле платени 120 илјади евра.

Настаните поврзани со најавата на целиот Фестивал чинеле околу 80 илјади евра. Субрата Рој воопшто не штедел и кога решил да повика триесетина новинари од регионот, од Словенија, Хрватска, Бугарија и Грција за да го пренесат целиот настан, а тие пак, најмногу се интересирале кога и дали ќе инвестира и кај нив.

Нивниот престој го финансирала компанијата „Сахара“. Организаторите велат дека сите средства освен авионските карти, останале во Македонија, за луѓето кои биле вклучени во организација на настаните, хотелите, рестораните, печатници, куќи кои биле изнајмени.

Тука влегуваат и трошоците што ги направиле шеесетбројната делегација од Индија која еден месец во земјава работела на подготвките на Фестивалот. Дел од делегацијата престојувала во хотели, а дел во изнајмени куќи, како и самиот индискиот домаќин, Субрата Рој, кој престојуваше во куќа во Злокуќани.

Специјален тим од „Сахара Стар хотелот“ од Мумбаи допатувал со индиски зачини да го подготват менито и храната заедно со готвачи од хотелот „Александар Палас“.Остана единствено енигма колку Субрата му платил на поранешниот британски премиер Тони Блер за говорот во Скопје пишува Утрински весник.

Организаторите тврдат дека пријателството меѓу екс премиерот и Субрата било пресудно Блер да дојде и да одржи говор, но од друга страна пак е познато дека е тој еден од најскапите говорници на светската сцена чија тарифа достигнува и до 7 илјади евра за една минута.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.