На конференцијата „Game Developers“ беше прикажана демо снимката од новата игра „Infiltrator“ направена со помош на новата платформа „Unreal engine 4“ со која лесно може да се направат различни рефлексии во реално време.
Во четириминутниот клип креиран со помош на „Unreal engine 4“ и управуван со графичката картичка GeForce GTX 680, можете да ја погледнете футуристичката шпиунска приказна.
Една од целите на новата видео игра е уште повеќе да се зголеми квалитетот на графичката репродукција со користење на најновите моќни графички картички од линијата на Nvida .