Иницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски ја поздравува одлуката на Основниот суд Скопје 1, притворот на новинарот да му се замени со куќен притвор.
Во соопштението на Одборот се вели:
-Имајќи ја предвид здравственатa состојба на колегата Кежаровски, Иницијативниот одбор смета дека оваа одлука е добредојдена, иако таа не значи дека на Кежаровски му се овозможува тој да се брани од слобода се до правосилноста на судската одлука.
За ова, како и за висината на затворската казна во траење од 4,6 години реагираше целата новинарска заедница во Македонија и речиси сите релевентни претставници на меѓународните медиумски организации.
Иницијативниот одбор истакнува дека нема да ги запре своите активности се до ослободувањето на Кежаровски од обвиненијата и се надева дека наскоро јавноста ќе може да ја има на увид пресудата со која Томислав Кежаровски беше осуден на казна затвор.




