Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Inner Wheel клубот од Скопје ја прослави својата десетгодишнина

0
By Нова ТВ on June 1, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Inner Wheel клубот од Скопје, деновиве во М6 Едукативниот Центар ја прослави десетгодишнината од своето постоење.

Inner Wheel клубот е интернационална организација на жени, поврзана со Ротари организацијата, а основана од сопругите и мајките на ротаријанците. Овој клуб активно функционира во многу делови од светот, а во Македонија од своето основање во 2004 година до сега има реализирано голем број хумани и добротворни активности.

На одбележувањето на 10-от роденден, беа присутни членките на клубот, нивните соработници и пријатели, и познати личности од јавниот живот во Македонија. Во своето обраќање пред присутните, претседателката на клубот Анета Антова Пешева изјави:

„Да се предводи организација како Inner Wheel е привилегија, но и голема одговорност, која со полно срце и неуморлива постојаност ја исполнував во изминатата година“.

Пешева истакна дека постојат уште многу проекти кои можат да се реализираат – за сите заеднички да креираме општество со високи вредности и хуманост.

За време на свеченоста, беа доделени две плакети за особени заслуги, афирмација и развој на клубот, како и повеќе благодарници. Постхумно беше доделена плакета на една од поранешните претседателки на Клубот, Марија Андова, која ја прими нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, како и на првата претседателка на Клубот, професорката Марија Фукарова Јуруковска.

Хуманоста, како главна одлика на овој клуб дојде до израз и на самата манифестација каде се изврши донација и собирање средства во добротворни цели, кои ќе бидат донирани за лекување на пациент со малигно заболување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.