Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иновативни и воодушевувачки победниците на Светскиот фестивал на архитектура

0
By Нова ТВ on October 21, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светскиот фестивал на архитектурата во почетокот на месец октомври ги додели наградите за 33 објекти кои внесоа свежина и иновативен дизајн низ целиот свет. Од библиотека во Кина до супер-модерна црква во Шпанија, победниците од седмиот фестивал се најразлични и воодушевувачки.

Од објектите кои допрва треба да бидат изградени, Светскиот фестивал на архитектурата ги издвојува:


(Најдобрата канцеларија) – Агашијан во Индија на „Санџај Пјури Архитектите“ (Индија)

Се работи за највисоката зграда во маало каде што претежно има ниски градби. Изработена е според промената на временските услови. Најголемиот дел од терасите се свртени кон север а многу малку кон исток или запад.


(Најдобриот образовен објект) – ФПТ Технологија на „Во Тронг Н’гија“ (Виетнам)

Зградата е од големо значење за одржливиот развој на Виетнам и е дел од поширок план за претворање на целиот универзитет во еколошки свесна институција. Објектот е замислен да функционира на минимална генерирана резервна моќ, користејќи ја природната светлина за изобилство на растителен свет.


(Најдобрата куќа) – Маслиновата на „Иан Мур Архитектите“ (Австралија)

Уникатната форма и конусната челична конструкција го прави овој дом еден од најмалите. Совршен е физички 12.3 метри на 12.3 метри, поделен во асиметричен распоред.


(Најдобрата културна установа) – Споменикот на слободата на печатот на „Густаво Пења“ (Бразил)

Дизајнот е во стакло, според Комисијата која ги доделува наградите се работи за кристално јасна, цврста, но сложена градба како самата слобода. Се наоѓа во Бразил.


(Најдобар рекреативен центар) – Антакја музеј-хотел на „ЕАА Емре Аролат“ (Турција)

Објектот функционира и како хотел и како археолошки музеј посветен на важноста на христијанството. Поставките формираат колони во согласност со артефактите и карактеристиките на земјиштето кои му претходеле на хотелот.


(Најдобриот комерцијален објект) – Ветената земја Исфахан на „Фаршад Мехдизадех“ (Иран)

Дизајнот на фасадата е обид за изедначување на структурата со градот Исфахан. „Интеграцијата на внатрешниот и надворешниот простор го оптимизира човековото движење и циркулацијата, која на крајот ја подмладува целата комерцијална област“, објаснува Комисијата.


(Најдобрата инфраструктура) – Линкопинг централната станица на „Свеко Централ“ (Шведска)

Има огледало од вода, современ вијадукт и перфориран челик-школка. Се работи за модерен мост со идеја на класична железничка пруга.


(Најдобриот мастерплан) – Северозападeн Кембриџ – АЕКОМ (Велика Британија)

Следната генерација на Северозападниот дел на Универзитетот Кембриџ е „гледа кон иднината“.


(Најдобрата здравствена установа) – Продолжение на народната болница Футиан (Кина)

Болницата има за цел да им даде на пациентите внатре јасен, мирен поглед на светот надвор.


(Најдобра станбена зграда) – „Селото“ на „Санџај Пјури Архитектите“ (Индија)

Селото е каскада од станови кои имитираат чувство на индивидуални куќи сместени дијагонално или фронтално на кос терен.


Уметничка галерија на Големата Викторија на архитектските групации „5468796 и ТЕН“ (Канада)

Најомилениот дел од зградата на овој објект за Комисијата на Фестивалот е уметноста и дизајнот вклопени во еден објект.


(Најдобриот експериментален објект) – Скајфарм на „Роџерс Стирк Харбур и партнерите“ (Италија)

Ова е предлог дизајн за вертикална фарма која ќе биде изградена со користење на принципот на „вклопување“, обединувајќи аспекти како што е бамбусот за максимална флексибилност и геометриски отворена структура за максимална светлина.

Комплетирани проекти:


(Најдобриот објект од сферата на културата) – Дански Поморски музеј на „БИГ“ (Данска)

Овој музеј е подземна структура изградена околу пристаниште во близина на замокот Кронборг.

(Најдобрата куќа) – Куќа за дрвјата на „Во Тонг Н’гија“ (Виетнам)

Во градот Хо Ши Мин, само 0,25 % од целиот град е покриен со зеленило. Па како почит за потеклото на областа како тропска шума, овој дизајн има за цел да ги врати зелените површини во градот.


(Најдобриот шопинг-центар) – Јаликавак Марина комплекс на „ЕАА Емре Аролат“ (Турција)

Овој рај е наменет за средната висока класа на потрошувачи во Јаликавак на југозападниот брег на Турција.


(Најдобар сместувачки комплекс) – „Резбата“ на Еј-Лаб (Норвешка)

Овој дизајн е дел од Баркод планот на Осло (проект кој гарантира регулирани зелени површини) а наскоро ќе биде „Оперска населба“. Градот се надева дека ќе стане новиот бизнис центар.


(Најдобар приказ) – „Наметката“ на „Ферон Хеј“ (Нов Зеланд)

Архитектонската фирма има изградено „зелен покрив“ врз постоечката структура, вклучувајќи тревеста мрежа која ги покрива железните решетки. Се работи за објект кој е дел од аеродромот Окланд во Нов Зеланд.


(Најдобриот спортски објект) – Спортски центар Сингапур (Сингапур)

Спортскиот Центар кој важи за првиот комплекс во кој се интегрирани спортот, рекреацијата, забавата и начинот на живот, е дел од проектот Сингапур 2020.


(Најдобриот „граѓански“ објект) – „Капелата“ на „a21студио“

Оваа креација на виножито е нов граѓански простор кој се наоѓа во новите урбани одделенија во градот Хо Ши Мин . „Како резултат на кризата со недвижности недостасува вакви центри во околината, така што „Капелата“ е дизајнирана да биде место за луѓето да учествуваат во активности како што се конференции, свадби и изложби“, се вели во соопштението на Комисијата на Светскиот фестивал за архитектура.

Помеѓу градби кои заслужија признание оваа година, има објекти и од Шведска, Шпанија и Австрија. За комплетната листа на добитниците во своите категории пишува „Хафингтон Пост“.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.