Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите си контрираат-во свинскиот врат има листерија, супер-анализа нема

0
By Менче Атанасова Точи on August 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 15, 2014 16:50


Квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот, тврдат во Комисијата за заразни болести.

Со ова надлежните потврдуваат дека во спорниот сецканиот свински врат на Екстра меин земен од маркет во Гевгелија има листерија.

На овој начин Комисијата за заразни болести го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија, исто како што демантираат дека е направена супер-анализа во лабораторијата на овој Факултетот.

-Мала е улогата на квантификацијата кога има ист генетски профил. Супер-анализата не е завршена бидејќи примерокот што е испитуван на Факултетот за ветеринарна медицина не е земен од исто место, во исто време од спорниот свински врат , туку од свинскиот врат кој што е повлечен од продажба, изјави Звонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести на денешната прес конференција.

Миленковиќ потенцираше дека соодветниот примерок се чува запечатен во Центарот за јавно здравје во Велес и дека во моментот интензивно бараат релевантна лабораторија во странство каде што ќе го пратат примерокот на испитување.

На прашање на НОВА зошто се вршат инспекциски контроли во месната индустрија, кога се знае дека листерија може да се добие и од овошје и зеленчук, како и од друга храна, Миленковиќ со одговор:

-Тоа е ризична храна. Но, испитувања се правени и во други правци според изјавите на пациентите кои што кажуваат што јаделе. Она што е сигурно, е дека во еден производ е најдена листерија, рече Миленковиќ, алудирајќи на спорниот свински врат на Екстра меин.

Миленковиќ соопшти дека е формирана работна група во Комисијата која секојдневно ќе ја следи состојбата со листеријата.

Од оваа опасна бактерија за нешто повеќе од еден месец починаа четири лица, меѓу нив и едно новороденче, а шест заболеа. Изворот на заразата се уште се бара бидејќи од спорниот свински врат, како што посочија во изминатите денови, јаделе само двајца од заразените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.