Published: Tuesday, February 17, 2026 21:12
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организира чествување со посебна програма.
Воведна реч по повод денот ќе има директорката на Институтот Елена Јованова – Грујовска.
За значењето на македонскиот јазик ќе зборува проф. д-р Гоце Цветановски, а артистот Никола Ристановски ќе интерпретира инсерти од македонското творештво.
Институт за македонски јазик, четврток, 19-ти февруари 2026, 11 часот.




