Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностика. Институтот за јавно здравје веќе воспостави контакт со Светската здравствена организација (СЗО) да се набават тестови и терапии за ова заболување. Симптомите на ова вирусно заболување се промена на кожата и појава на меурчиња, зголемена телесна температура, болки во мускулите, изнемоштеност, нагласи на денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.