Меѓународната полиција Интерпол издаде потерница за Британката Саманта Литвајт, на барање на Кенија, јавува ББЦ.
Г-ѓа Литвајт е вдовица на еден од четирите бомбаши-самоубијци кои го нападнаа Лондон на 7 јули 2005 година.
Позната колоквијално како “бела вдовица”, таа е поврзана со сомалиската милитантна исламистичка група Ал Шабаб.
Групата стои зад нападот врз Вестгејт трговскиот комплекс во кенискиот главен град Најроби, во текот на викендот.
Во нападот и последователната четиридневна опсада загинаа најмалку 67 луѓе.
Во соопштението на Интерпол се вели дека 29-годишната е “барана од Кенија за обвиненија за поседување експлозив и заговор да се изврши кривично дело, кои датираат од декември 2011 година”.