Интерпол на барање на Кенија, издаде црвена потерница за апсење на Британката Саманта Лутвејт, позната како „Бела вдовица“, за која се смета дека е поврзана со терористичкиот напад на трговскиот центар во Најроби.
Кенијските власти ја бараат заради планирањето на нападот на летувалиште во 2011 година, но се смета дека учествувала и во минатонеделниот напад на ексклузивниот трговски центар во Најроби.
Сеуште нема докази дека е поврзана со нападот, но американските медиуми почнаа да шпекулираат со тоа, откако кенијскиот министер за надворешниот работи кажа дека во нападот била вмешана и една Британка.
Меѓународната полициска агенција Интерпол во соопштението наведе дека Саманта Лутвејт се бара по обвинение за поседување експлозив и планирање на кривично дело во декември 2011 година
Првиот сопруг на Саманта Лутвејт која премина во ислам, се разнесе во самоубиствените бомбашки напади 2005 година во Лондон во кои беа убиени 52 лица.