Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју на Лајчак: Најнепосреден предизвик на Балканот е Скопје и Тирана да почнат преговори со ЕУ

0
By Sashko on December 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога станува збор за регионот на Западен Балкан, гледам четири предизвици. Најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). Најсериозен проблем е кризата во БиХ. Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, бидејќи тоа не ги засега само тие две земји, со оглед на тоа дека Срби и Албанци живеат во секоја земја на Балканот, а односот меѓу Србија и Косово влијае на регионалната соработка и затоа тоа е предизвикот од најголемо стратешко значење, изјави за аудио подкастот на бањалучкиот портал Бука специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово и други балкански прашања, Мирослав Лајчак.

А, предизвикот што мислам дека е најсуштински е прашањето каков ќе биде Балканот. Ќе има ли Балкан кој ги споделува европските вредности, кој промовира демократија и владеење на правото, кој се бори против корупцијата и кој има независни медиуми и граѓанско општество? – Или ќе добиеме општества во кои нема ништо од тоа, а да имаме некаква авторитетна влада без почитување на европските вредности. Овој натпревар се случува токму сега додека разговараме и мислам дека е многу важно и ЕУ и земјите од регионот да се приклучат не само административно, туку, пред сè, според заедничкиот систем на вредности, потенцира Лајчак.

„Мислам дека Западен Балкан е многу оригинален регион. Кон него, човек не може да има рационален, туку емотиван однос, бидејќи тоа е регион кој генерира многу емоции. Сигурно дека го имам тој однос, врз основа на сопственото искуство. Сум инвестирал многу години за да ја направам мојата земја, Словачка, европска не само во географска, туку и во вредносна смисла членка на ЕУ. Знам и колку тоа и помогна на мојата земја и сакам да го искористам моето лично искуство за да му помогнам на Западен Балкан бидејќи не верувам дека има подобра алтернатива и подобра иднина од членството во ЕУ“, потенцира Лајчак во интервјуто за Бука.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина истакна дека дијалогот не е едноставен, дека е подеднакво „чувствително прашање и за Србија и за Косово“, но дека постои и верува дека многу брзо ќе видиме конкретни резултати.

На прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина и одбивањето на Приштина да формира Заедница на српските општини на север, Лајчак рече дека дијалогот е „чувствително прашање и за Србија и за Косово“.

Сепак, дијалогот трае повеќе од една деценија и донесе конкретни и добри решенија. Дијалогот нема алтернатива, а тоа го потврдуваат и лидерите во Косово и Србија и клучен е за нормализирање на европските односи и за напредок на нивниот европски пат. Денес сме во ситуација да имаме лидери со силен мандат и во Белград и во Приштина. Тие имаат сила да донесат решенија и ние сме во фаза на преговарање кој е најдобриот можен пат напред, рече Лајчак.

Тој потсети дека „лидерите се сретнаа во јуни и јули во Брисел“ и се подготвени, како што рече, повторно да дојдат.

Работиме на тој состанок да донесе одредени конкретни одлуки. Тој дијалог не е едноставен, но постои и верувам дека многу брзо ќе видиме конкретни резултати, вели Лајчак.

Ескалацијата, потенцира тој, не е во интерес на „ниту едната страна“.

Што се однесува на Црна Гора, тој оцени дека таа е најнапредна од сите земји во регионот. Тој потсети дека земјата ги отворила сите поглавја, но и дека во последната година нема речиси никаков напредок.

„Европски теми речиси и не се слушаа во тој период. Наместо тоа, најмногу се слушаа теми поврзани со етницитет, религија и националност. Ова се теми од 1990-тите. Затоа мојата порака беше сите да се вратат на европскиот пат и Црна Гора да ја потврди лидерската позиција“, истакна Лајчак.

Западен Балкан Македонија Мирослав Лајчак Предизвици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.