Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИНТЕРВЈУ) Славче Таневски, дизајнерот со потпис на неколку модели на Мерцедес

0
By Соња Крамарска on May 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од една деценија зад името на Славче Таневски стојат потписите на дизјанираните модели на Mercedes – Benz. На почетокот на автомобилите GLC Coupe и Concept EQA, па до најновите модели како Maybach EQS SUV i Mercedes-AMG SL. Во историјата на светот постојат малку имиња што се потпишани како дизајнери на модели на марката со сребрената ѕвезда. Меѓу нив спаѓа и Славче Таневски кој им се придружува на овие светски славни имиња.

Што значи за еден дизајнер, да го создаде изгледот на автомобил од фамилијата Мерцедес?

Секако е голема честа и задоволството да се работи за еден од најреномираните и најпрепознатливите автомобили во светот од една страна, а од друга воопшто да создадеш автомобил, нешто што ми било сон уште од мал. Идеја која постоела само во вашата глава сте ја реализирале со сите ваши вештини, сте успеале да ја продадете и станала реалност. Сопатник и член на многу семејства.

Кои се предизвиците во дизајнерската работа и како гледате на промените кои доаѓаат за иднината во автомобилската индустрија, пред сѐ во однос на „зелените технологии?

Предизвиците доаѓаат пред се со новите регулативи за безбедност, кои се сѐ построги и построги. Исто и со новите технолошки решенија. Автомобилите стануваат сѐ попаметни, што значи дека се опремени со разни сензори, камери, лидари кои треба некако да се интегрираат во екстериерот и тоа е најголемиот предизвик. Секако и стилистички да се биде секогаш свеж, но и верен на препознатливоста на марката.

Во твојата  професионална  биографија е запишано дека по завршувањето на студиите во Германија, од самиот почеток почна да работиш во гигантот Мерцедес. Која е твојата „магија“ за тој успех во компанија со традиција каква што има Мерцедес?

Работното место го добив веќе во петиот семестар. Нема магија, има само талент, непрестана работа, упорност, дисциплина, страст, креативност. Секако бев на вистинско место, студирав во Минхен на факултет кој соработува со автомобилските компании. Многу ми помогна општото образование што го донесов со себе од Македонија како и познавањето на германскиот јазик.

Кој е твојот најомилен детал или модел од твоите досегашни дизајнерски остварувања?

Секогаш треба да балансирате со тоа што е ваш личен вкус, што се бара на пазарот, што е прифатливо за бордот на директори и тоа што значи корпоративен идентитет на марката. Мислам дека успеав да оформам некоја моја препознатливост, заедничко за сите автомобили што ги имам дизајнирано се чистите површини неоптоварени со многу линии и без рабови како и триаголните графички елементи.

Дали имаш сон за безвременски автомобил и како би изгледал тој?

Работам за марка која произведува безвременски автомобили. Самата дизајн стратегија е таква да производот издржува и цела деценија на пазарот, а се памти и станува класик со децении. Доколку мора да изберам еден модел, тој постои – тоа е новиот SL.

Какво е чувството да си еден од ретките, па можеби и единствениот Македонец што го работи ова?

Многу ексклузивно е тоа друштво на дизајнери на автомобили, многу е тешко да се влезе во тој клуб. Посебно сум горд што сум успеал од мала земја како Македонија и голема гордост ми е да ја претставувам низ светот.

Како изгледа еден твој просечен работен ден, и дали имаш службен  автомобил? Што возиш приватно?

Најголемиот дел од работата е работа на модел од глина со професионални скулптори, секако и подготовката за производство каде што имам блиска соработка со инженери од секоја област. Многу состаноци, разговори, убедувања. Цртањето е можеби само 2% од работното време.

Имам можност да ги возам сите наши возила. Приватно возам Mercedes CLA.

Неодамна одржавте предавање на Машинскиот факултет во Скопје. Што им порачавте на студентите?

Редовно сум на Машинскиот факултет во Скопје. Пред сѐ се обидувам да ги мотивирам студентите да ја најдат својата насока на интерес и да работат на тоа. Најбитно во Македонија е да имаме идоли, да се разбие таа атмосфера на апатија и незаинтересираност. Доколку младите непосредно видат позитивен пример кој успеал со слични предиспозиции како нив, ќе имаат поголема самодоверба и поттик да работат на случајот и да успеат. Секако помагам и со демонстрации за занаетски вештини кои се потребни на секој дизајнер, како и со професионални совети за кариера.

извор: Рацин

автор. Мирјана Василева

 

дизајнер Мерцедес Славче Таневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.