НОВА: Како го оценувате оптимизмот на Нимиц по посетите на Скопје и Атина?

МАЉАС: Еден угледен амбасадор во Скопје еднаш ми рече дека разликата меѓу оптимист и песимист е што песимистот е добро информиран оптимист. Милслам дека изјавата на Нимиц е идентична со изјавите кои ги користи кога ги посетува двете престолнини. Во блиска иднина ќе дознаеме дали неговиот оптимизам е основан и во блиска иднина ќе се дознае дали има елементи кои овој пат може да добедат до решение.

НОВА: Што мислите за ангажманот на Филе и ЕК?

МАЉАС: Ги разбирам амбициите на Филе но заклучоците од Европскиот Совет во декември не го одразуваат она што Филе го кажа претходно во Скопје и Атина. Филе е комесар за проширување но Европскит Совет или Советот на министри на ЕУ се тие кои носат одлуки.
Дозволете ми исто така да ви кажам дека како што стојат работите сега јас не сум оптимист околу можностите да се постигне решение. Но тоа е мое лично мислење.

НОВА: Како ја оценувате мисијата на директорот на Директоратот за проширување,Санино?

МАЉАС: На Балканот многу поединци сакаат да учествуваат во она што јас го нарекувам “избор на мис”. Ќе посетат повеќе престолнини ќе дадат убави изјави но потоа се соочуваме со реалнсота. Ќе ви кажам дека од наша перспектива како што јас ги гледам работите не можам да видам потецијал за решение на проблемот во блиска иднина.