Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај и кандидат за втор мандат од ДУИ

0
By Mirjana on October 15, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: Фокус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање.

Воден од мотивот подобри услови за живот за најмладите, подобра иднина,
како и достоинствена сегашност за повозрасните, одлучив повторно да се
кандидирам за градоначалник на Општина Сарај, вели во интервју за НоваТВ , актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат, Блерим Беџети. Се обрзувам дека ќе работам и повеќе и подобро со цел подобар животен стандард на граѓаните на нашата општина. Вели, тешко е човек да се опише себеси, но за нашиот медиум сепак открива дека сака да пешачи во природа, кафе муабет со пријателите и блиските, да прочита некоја книга и кога има време да одгледа некој добар филм.

НоваТВ: Градоначалниче Беџети  во тек е изборната кампања за први луѓе на
Единиците на локалната самоуправа. Вие се кандидиравте повторно.Зошто?

Воден од мотивот подобри услови за живот за најмладите, подобра иднина,
како и достоинствена сегашност за повозрасните, одлучив повторно да се
кандидирам за градоначалник на Општина Сарај.
Исто така, огромна заслуга за мојата повторна кандидатура, е гласната
поддршка на моите сограѓани од Сарај. На крај, но не и најмалку важно, е
задржувањето на контиунитетот за спроведување на проектите кој е многу
важен сегмент. Накратко ова се главните причини за кои ќе барам повторно
доверба од граѓаните.

НоваТВ: Кандидатурата е ваша лична желба или на партијата во случајот ДУИ?

Секако дека кандидатурата за градоначалник е апсолутно моја желба, но
без неопходната поддршка на мојот матичен огранок на ДУИ во Сарај, како
и поддршката на претседателот на партијата, Али Ахмети, централното
раководство и Советот на партијата тоа ќе беше невозможно. Тука сакам да
нагласам дека ДУИ како важен политички чинител водеше интерен
демократски процес за избор на кандидати, процес во кои сите кандидати
беа рамноправни, односно процес каде главниот збор го имаат граѓаните
преку спроведените анкети за мерење на рејтингот.

НоваТВ: Со што можете да се пофалите периодов а кое жителите на општина Сарај, сметате дека ќе знаат позитивно да ви го вреднуваат, за повторно да ве
изберат?

Изминатите четири  години почнавме со реализација и завршивме голем дел
од зацртаното во нашата програма. Во нашиот фокус беа развојот и
обновата на патната инфраструктра, реновирање и градење на основни
училишта и градинки, се со цел подобрување на условите за нашите деца,
развој на туризмот,со акцент на кањонот Матка и ново започнатиот проект
на Езерото Треска, потоа, постојан ангажман на службите за одржување на
хигиената, но и започната Поликлиника која е во фаза на градба. Ова е
сижето на досега сработеното, но ни претстои уште многу работа.

НоваТВ: Што е она што прво би го направиле за Сарај. Имате ли посебно
омилени проекти. Што се случува со платформите на Матка кој е нивниот
актуелен статус од аспект на правната легислатива?

Моите омилени проекти се омилените проекти на граѓаните. Впрочем и мене
ме засегаат бидејќи и јас живеам во Сарај.
Кањонот Матка е туристички центар и атракција која се развива и ќе се
развива. Во фокусот ни се и домашните и странските туристи. За таа
намена и во интерес на целокупниот развој планирано е формирање на Јавно
претпријатие кое ќе се занимава со развој и раководење на ова наше
национално богаство.

НоваТВ: Што е она што најмногу ви пречи во општина Сарај. Бидејќи сте
градоначалник што по втор пат се кандидира за оваа позиција, има ли
нешто што си забележувате на себеси дека сте можеле подобро и побрзо да
го направите?

Секогаш може и повеќе и подобро. Во наредниот мандат, доколку повторно
ја добијам довербата од моите сограѓани, се обрзуваам дека ќе работам и
повеќе и подобро со цел подобар животен стандард на граѓаните на нашата
општина.
Општина Сарај, има голем потенцијал за развој, а пропорцинално на тоа се
зголемува и потенцијалот за развој на граѓаните кои тука живеат. Сакаме
Општина Сарај  да биде препознатлива како убаво место за живеење, убаво
место за прошетка, за учење, за работа, за бизнис….

НоваТВ: Нашето последно прашање е лично. Како би се опишале себеси. Што е она што ве радува и растажува, кое е вашето хоби, пасија, нешто без што не
можете. Кој жанр книги ви се омилени,која музика,кој филм а секако
јавноста ја интересира и вашето животно мото?

Некогаш е тешко да се опишеш себеси, а да останеш објективен. И јас,
како и вие, сум обичен човек, кој надвор од работните обрски сака да се
одмори. Тоа е најчесто прошетка во природа со семејството, пешачење со
пријателите, читање книги, а поретко кога времето тоа го дозволува знам
да изгледам некој филм. Исто така, дел од слободното време го користам и
за средби и кафе муабет со моите сограѓани од Општина Сарај.

Блерим Беџети интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.