Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Ерван Фуере

0
By Борјан Јовановски on January 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 18, 2013 21:03


НОВА: Добредојдовте пак во Македонија!Која е причината овој пат да бидете тука со нас?

ФУЕРЕ: Ви благодарам што ме поканивте. Овде сум за да учествувам, да пливам по седми пат на фрлањето на крстот на Водици во Охрид. Уживам во оваа традиција и тоа е уште еден пример, еден од многуте аспекти на традицијата со кој Македонија се одликува.

НОВА :Дали се чувствувате добредојден?

ФУЕРЕ: Да многу, уште кога се симнав од авион, луѓето срдечно ме поздравуваа, ми посакуваа добредојде. И тоа е уште една одлика на Македонија – гостољубивоста со која се пречекуваат гостите. И се чувствувам добродојден.

НОВА: Неодамна бевте споменавти во соопштението ан ирското претседателство. Што беше толку важно за да ирското претседателство да реши да ве спомене?

ФУЕРЕ: Тоа беше неопходно како одговор на фабрикуваната вест на Сител, која беше навистина недолична и пример за пропаганда, која за жал, му нанесува штета на имиџот на Македонија. И тоа беше одговор на тоа. Ирската влада одлучи дека апсолутно мора да се одговори на тоа и да се каже дека тоа беше сосема неточно и дека тоа беше обид да се злоупотреби мојата репутација.

НОВА: Знаете ли зошто некој би сакал да нанесе штета на Вашата репутација?

ФУЕРЕ: Тоа е тажно. Не знам. Тоа е срамота бидејќи ваков вид на прилози и на пропаганда не и помагаат на Македонија и сега сите членки на ЕУ се свесни за ова и ќе бидат дополнително претпазливи во работата со Владата и со медиумите.

НОВА: Јавното мислење во Македонија неодамна се подели во врска со улогата на ЕУ а особено ан ЕК тука во Македонија. Според некои конечно откако Фуере си замина, Европската комисија не епод влијание на Фуере и така може да ја поддржи Владата, од друга стран се оние кои велат дека за жал ЕК ја поддржува Владата. Какво е Вашето мислење околу поделеноста на јавното мислење околу улогата на Европската комисија?

ФУЕРЕ: Па, како што мене ми изгледа провладините медиуми се обидуваат да кажат дека јас лично ги пишувам годишните извештаи, што, се разбира, не е беше нашата улога. Ние во седиштето на ЕУ ги презентиравме објективните достигнувања и ситуацијата во земјата, за да врз основа на тоа, Брисел ги гради политиките и одлуките. Но, дефинитивно, мислам дека сегашниот пристап на ЕУ произлегува од желбата, преговорите да се започнат.

И јас го разбирам тоа и нема сомнеж дека што побрзо започнат преговорите, толку поголемао ќе биде влијанието на ЕУ во Македонија. На пример, доколку преговорите започнаа пред една година и се случеше овој страшен инцидент од 24 декември, тоа ќе резултираше со суспензија на преговорите, без сомнеж. Претпоставувам дека Европската комисија се обидува да каже дека сега е време да започнат преговорите бидејќи тоа е начинот да се создаде притисок врз Владата, да ги почитува демократските стандарди кои се дел од критериумите.

НОВА: Факт е дека откако не сте тука ЕК е помалку критична кон Владата?

ФУЕРЕ: Не е до мене да го оценувам тоа, но вистина е дека една година тука немаше шеф на делегацијата . Сега има шеф на мисијата и јас сум сигурен дека тој прави се да ги одржи сите контакти и да ги убеди сите фактори за важноста на реформските процеси. Исто така е важно Владата да разбере дека земјите членки треба да бидат убедени дека сите реформи се превземаат. Мислам дека тоа е предизвик, но за жал проблемот со името прикрива многу работи и сметам дека тоа е недоличен инструмент за да се одземе вниманието од неопходните реформи. Така што немам што друго да кажам за ова

НОВА: ЕУ се ангажирашер во процесот за изнаоѓање на решение за името дали дека тој ангажман ќе ги придвижи работите напред?

ФУЕРЕ: Мора да кажма дека дека јас во минатото препорачав дека треба да се обидеме да бидеме инволвирани, имајќи во предвид дека постои процес под медијаторство на Нимиц а во рамките на ОН. Но, исто така дека е многу важно ЕУ да биде инволвирана и да се обидува да го придвижува процесот напред кон решение. Ако ЕУ конечно е инволвирана во процесот тоа е многу добро и се надевам ќе доведе до резултати, но треба да почекаме.

НОВА: Грците не се големи ентузијасти околу улогата на ЕУ

ФУЕРЕ: Мислам дека предизвикот на оние кои се инволвираат двете страни за тоа дека е неопходно да се најде решението. Затоа што ако продолжи таквата состојба тоа не е во интерес ниту на Македонија, ниту на Грција, ниту на ЕУ.

НОВА: Постои определба на некои од клучните играчи во ЕУ да се започне со преговорите за членство на Македонија во Еу и тоа се одрази во заклучоците на декмврискиот Совет, дали мислите дека тоа овојпат ќе успее?

ФУЕРЕ: Настаните од 24 декември воопшто не помагаат да дојде до тоа. Исто така има колебања околу демократските процеси и состојбата на демократијата во Македонија, сликите кои ги видовме на телевизија беа шокантни и секој сака да и помогне на Македонија се чувствува разочаран. Затоа е итно за Владата да ја поправи штетата и тоа што треба да таа да направи е да покрене иницијатива за помирување на сите страни и да отвори дијалог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.