Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

0
By Marija Todorovska on April 3, 2025 ИНТЕРВЈУ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2025 14:03

Може ли да се очекува со оглед на ниските царини за Тирана, Приштина и Подгорица добар дел од фирмите да се пререгистрираат на тие терени и што тоа би добило од тоа и што би изгубило македонското стопанство?

Јовановски: Ова е добра забелешка. Веројатно да, барем оние кои можат да го “маскираат” потеклото на производите. Бидејќи разликите во царините се големи, за нас се три пати поголеми од оние за Косово на пример.

Марија Тодоровска 

Претседателот на САД Доналд Трамп не ја поштеди ни Македонија од неговата агресивна царинска политика објавувајќи денес листа на која царината што е наменета за Македонија е  33 отсто. Како сето ова ќе влијае врз македонската економија, кои дејности ќе бидат најпогодени разговараме со новинарот и уредник Мирче Јовановски.

Нова: По патувањата на премиерот во Америка и неговите изјави, 33% за Македонија се непријатно изненадување или…?

Јовановски: Изненадувањето со царините е непријатно без оглед на патувањето на Премиерот во САД. Во САД, во билатерални посети беа и францускиот претседател, британскиот премиер… но и нивните земји не куртулија од царините на претседателот Трамп. Поважно е да се дојде до одговор зошто толку висока стапка, мислам дека на тоа прашање треба да се ангажира и Владата, и бизнисмените, и да се расчисти разликата во податоците за дефицитот, (што доведе во волку висока стапка) меѓу македонската царина и американските институции.

Нова: Македонското стопанство е кревко и зависно, пред се од земјите од ЕУ, што вели вашето искуство во оваа област, ќе успее ли да се снајде македонската економија и кој први чекори би можеле да се очекуваат и од Владата и од коморите?

Јовановски: Тоа е голема дилема, Македонија е зависна од извозот во ЕУ, особено во Германија, така што посредно последиците за нашата економија може да бидат значајни. Или, ако се знае дека едно од три произведени Поршеа се извезуваат во САД, и ако компании во ТИРЗ-овите извезуваат компоненти за германските производители на автомобили, одговорот е познат. Она што не се знае уште е колкав ќе биде обемот на таквите последици. Потребно е да седнат Владата и бизнисот да продискутираат што е најцелисходно и да работат на наоѓање нови пазари.

Нова: Веројатно ќе поскапат и услугите, ќе поскапе ли и животот на граѓаните во Македонија?

Јовановски: Мислам дека ние нема на таков начин да ги почувствуваме последиците од царините на САД, тоа повеќе се однесува на американските потрошувачи. Веќе има процени дека нив царините ќе ги чинат годишно по 5-6 илјади долари поголеми издатоци. Кај нас последиците повеќе би биле кон намалување на извозот, губење работни места и помалку странски инвестиции.

Нова: Според вашите првични сознанија кои стопански дејности ќе бидат најпогодени – индустријата, земјоделството, градежиштвото или друга гранка?

Јовановски: Пред се компаниите од автомобилската индустрија, а тие сочинуваат половина од македонскиот извоз. Исто така, по се изгледа и услужниот сектор, особено компаниите кои што работат аутсорсинг за американскиот пазар, доколку се точни објаснувањата на македонски економисти кои велат дека и тој сегмент е опфатен со царините.

Нова: Може ли да се очекува со оглед на ниските царини за Тирана, Приштина и Подгорица добар дел од фирмите да се пререгистрираат на тие терени и што тоа би добило од тоа и што би изгубило македонското стопанство?

Јовановски: Ова е добра забелешка. Веројатно да, барем оние кои можат да го “маскираат” потеклото на производите. Бидејќи разликите во царините се големи, за нас се три пати поголеми од оние за Косово на пример.

интервју Мирче Јовановски САД царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 20, 2026

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител

ВЕСТИ February 20, 2026

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор…

По одлуката на Врховниот суд, Трамп најави нови царини – 10 отсто за целиот свет

February 20, 2026

Како да се истурка месецот – синдикалната кошничка порасна на 67. 382 денари

February 20, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

February 18, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.