Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Петар Арсовски: Кај нас културата се става во служба на политички цели

0
By Биљана Секуловска on May 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 18:06

Серијал интервјуа на НОВА со културните работници во време на Корона кризата: Петар Арсовски, актер- мора да ја ослободиме културата. Според мене, тоа значи да ги одделиме, во наголема можна мера, политиката и културата, или барем да не се (зло)употребува културата за политички цели.

Секуловска:  Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно-  мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата

Арсовски: Културата преживеала и многу потешки времиња од корона-кризата, надживеала секакви катастрофи, војни, логори, затвори.

Големи, некои најголеми уметнички дела се создадени во најтешки времинја. Затоа што бараме излез во мисла за убавото, сонуваме за некој друг живот, потребно ни е да ја заборавиме сегашноста и така ја поттикнуваме и јакнеме креативноста.

Така што, културата е во криза колку и другите области, односно причината не е во корона-кризата, туку е поодамнешна.

Кај нас културата не доживува никаква суштествена реформа која би била во склад со политичките, односно општествените промени. Се случува токму спротивното- секаков обид за реформи се гаси, при секоја промена на власта.

Притоа, културата или се користи за “коалициски пазар” или е жртва на “реформи” која се сведува на ставање на уметноста и културата во своја служба и пропаганда.

Дел од културните дејци и уметници ја прифаќаат таа спрега за да опстанат, а  најдобар пример за ваква злоупотреба на културата е Скопје 2014.

Во оваа “црна дупка” се губи секаков критериум, стручна оценка, експертска стратегија за културата, критика и она што е најболно, творештвото. Демотивиран од ваквата состојба, авторот не создава нови дела, туку се занимава со нешто сосема друго за да преживее.

Секуловска: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Арсовски: Културата не е мртва затоа што се затворени салоните, театрите, музеите. Кризата е подлабока и покомплексна и излезот не зависи од крајот на корона-кризата.

За почеток, мора да ја ослободиме културата. Според мене, тоа значи да ги одделиме, во наголема можна мера, политиката и културата, или барем да не се (зло)употребува културата за политички цели. Тоа е тешко, особено во вакви општества каде културата е во директна зависност од државната  материјална поткрепа. Но е неопходно, за почеток на разрешувањето на кризата во културата, да биде сфатена не како лична дејност, туку како општествен сегмент.

Секуловска: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност?

Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија

Арсовски: Културата со сите свои аспекти била, и ке биде мета на кичот и шундот, на индустријата на забавата и на вулгаризација, кои ќе се трудат да се продадат како културни вредности. И тука нема начин културата да се справи со тој проблем, а мислам и дека нема ни потреба да се занимава со него.

Границата е јасна, препознатлива, само што државата како главен финансиер преку соодветни алатки мора да го дефинира својот интерес и да определи што ќе финансира, а што ке оданочи како забава и естрада.

Освен тоа, би истакнал дека стручни и одговорни лица треба да го идентификуваат и реализираат овој  интерес на државата во културата, лица со име, професионален и лицен интегритет,  со што не ќе може да се користат како параван за политиката.

Секуловска: Што е уметникот денес?

Арсовски: Уметникот секогаш бил Дон Кихот и се уште е. Се бори со ветерниците, но никогаш не се откажува од облагородување на светот.

Тој (треба да) е најдоброто од секој од нас, нас водач низ темнината, бранител од злото, патоказ низ времето, но најмногу нашата подобра страна, нашето подобро, најдобро јас.

Така јас посакувам, иако има и спротивни примери.

Секуловска: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Арсовски: Секој човек, па оттука и  уметникот, е “кршлив”, кризата може да го погоди, но тешко да го уништи. Засто нашата иманентна потреба по убавина не прави отпорни на удари.

И со самото тоа, ние можеме да и се спротивставиме и да ја уништиме кризата, каква и да е. Можеби ке бидеме ранети, но секако ке победиме.

Секуловска: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност,  евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа?

Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Арсовски: Не очекувам оваа криза да остави поголеми штети во културата. Таа ќе опстои, ке се поврати брзо, зашто не е врзана за посебни услови и потреби. Културата нема да доживее “смртен удар”, ниту ке биде загрозена. За публиката се јасно поделени и препознатливи вистинските од фалш вредностите. Секој од овие два дела си има свои консументи и своја публика, и тие не се мешаат, не си конкурираат.

Ќе живеат паралелно, едната култура нема да ја истисне другата. Наша задача е да не дозволиме таа граница да се замагли и да се погрижиме вистинските вредности да  имаат се повеке поборници.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.