Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Вилдан Максути: Најголем сон ми е да бидам позитивен пример за сите

0
By Нова ТВ on September 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

24-годишниот актер, Вилдан Максути, го доживува најголемиот успех во неговата актерска кариера во Белгија. Тој имал само 10 години кога неговите родители заедно со него се преселиле во Блекенберг. Неговата прва улога е во филмот „Досиер К“, но Вилдан, кој е роден во Куманово, оттогаш одиграл многу улоги во значителен број филмови.

Максути завршил средно училиште за глума на академијата “De Stedelijke Academie Kunsten voor Schöne” во Бриж, Белгија, во 2008 и говори четири јазици за потоа да се врати во Македонија, поточно во Скопје и се запишува на Факултетот за драмски уметности со цел да го продолжи неговиот сон и дипломира во 2009-та година под водство на професорот Владимир Милчин.

Во продолжение е целосното интервју со него.

Кажете ни како ја започнавте вашата актерска кариера? Кои беа вашите први чекори, и со какви потешкотии сте се среќавале?

– Се почна во средното училиште при академијата за глума во Бриж, Белгија. Во 2005 се запишав на академијата, а во 2008 дипломирав. Во период од три години успеав да бидам дел од неколку филмови како што се Екс Драмер (Ex Drummer), Љубопитноста на среќата (The Curiosity of Chance), и да бидам во многу меѓунардони реклами за Холандија, (Интерполис), Франција (Санпаркс), Швајцарија (Пуратос)…

Од каде се роди инспирацијата за глумата? Од која книга, филм или претстава започна твојата авантура?

– На пет годишна возраст татко ми ме однесе на претстава. Од тој момент знаев што сакам да работам во жиотот. Се играше претставата Хамлет. Татко ми случајно ме однесе на таа претстава, имаше две карти гратис.

Како беше примен во Белгија како млад човек од Балкан, актер во една европска држава? Дали имаа предрасуди за твоите корени?

– Белгија е држава во која нема предрасуди за потеклото. Таму се суди со за тоа што носиш со себе. Вредностите таму се ценат. Колку повеќе се вреднуваш толку поголема вредност има твоето потекло. Бидејќи доколку се трудиш и работиш како што треба, тие завидуваат на твоето потекло.

Што може да ни кажете за вашето досегашно искуство?

– Не знам од каде да почнам, ќе треба да претставам една книга и многу белешки.

Дали си имал понуда од Холивуд, освен серискиот „Белата Кралица“(The White Queen), со холивудската ѕвезда, Макс Ајронс ( Max Irons)?

– Да сум добил такви понуди и сум бил на аудиција за еден многу голем холивудски филм. Но тогаш се уште бев на прва година на Факултетот за драмска уметност. Тогаш имав и снимања во Белгија и сметав дека не е добро уште на почеток да ги напуштам студиите. Се плашев случајно да не успеам да дипломирам.

Како дете, кој актер ви оставил најголем впечаток и дали постои таков за кој вие сте рекле „Сакам да бидам како него“?

– Кевин Бејкон, Едвард Нортон и Вал Килмер.

Кои се вашите следни проекти?

– Одиграв главна улога во музичкиот спот на светски познатиот ДЏ Антони (Dj Antoine – Light it Up). Режисер беше Ернест Мхоли. За мене беше огромна чест да соработувам со еден толку познат режисер. Следната недела ќе почнам со работа на еден краткометражен албански филм, во кој ја играм главната улога.

Кој е вашиот најголем сон?

– Да бидам позитивен пример за сите, и да допринесам уште повеќе за мојата татковина и народ.

Разговараше: Беким Бучи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.