НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање.

Чаир и моето семејство се она што го сакам најмногу на цел свет. Во моментот ја читам книгата од Барак Обама „Ветената Земја“ инаку мој жанр се биографиите на светски познатите личности. Што се однесува до филмовите се обидувам да останам во тренд со најновите светски хитови па така ова што последно следам е “Money Heist”. Моето животно мото секогаш било едно и единствено – Добрината пред се! Пасија ми е фудбалот а по вокација сум Универзитетски професор по физичко образование. Од музика, слушам класична, но поради тоа што имам три малолетни момчиња, ја слушам и музиката што ја слушаат тие, вели во интервју за НоваТВ, актуелниот градоначалник на Чаир и кандидат за втор мандат, Висар Ганиу.

НоваТВ: Градоначалниче Ганиу  во тек е изборната кампања за први луѓе на Единиците на локалната самоуправа. Вие се кандидиравте повторно.Зошто?

Знаете моето мото сиве овие четири години што сум на чело на општина Чаир е едно и единствено “За нашиот Чаир кој го сакаме“ и токму затоа се кандидирав за уште еден мандат. Имав успешен 4-годишен мандат во кој што 80% од она што го ветивме 4 години порано го реализиравме. Денес, со целосна доверба во нашата работа и довербата на жителите на Чаир, се натпреваруваме за втор мандат, од една страна да ги завршиме сите тие проекти што ги започнавме заедно и второ да направиме уште повеќе и уште подобри работи за Чаир.

НоваТВ: Кандидатурата е ваша лична желба или на партијата во случајот ДУИ?

Демократската Унија за Интеграција од самото основање се базира врз демократски темели, темели во кои главни носители на сите општествени процеси се самите граѓани затоа мислењето на граѓаните секогаш е битно и одлучувачки фактор. Па и во овие локални избори ДУИ повторно се потпре на гласот на народот преку спроведување на анкети преку кои јас ја добив довербата за уште еден мандат. Освен поддршката од лидерот на партијата г. Али Ахмети, исто така ја добив и поддршката од локалните под-ограноци и огранокот на партијата во Чаир. Но, секако повторното кандидирање беше и моја желба затоа што јас живеам и дишам за Чаир да биде најдоброто место за живеење.

НоваТВ: Со што можете да се пофалите периодов а кое жителите на општина Чаир, сметате дека ќе знаат позитивно да ви го вреднуваат, за повторно да ве изберат?

Убеден сум дека народот знае многу добро да ги вреднува успешните работи реализирани во Чаир и за Чаир. Јас сиве овие четири години успеав да реализирам повеќе од 200 многу значајни проекти за благосостојбата на самите жители на Чаир буквално во сите сегменти а за тоа секои две години дадов и отчет. Ќе тргнеме од инфраструктурата – за овие четири години асфалтиравме повеќе од 65 илјади метри квадратни улици, подземната инфраструктура низ речиси сите населби е веќе нова каде се инвестирани скоро 4 милиони евра, реновирање на училишта од кров до под – “Васил Главинов“,“Јашар Беј Шкупи“,“Лирија“, Адем Јашари“,“Имри Елези“, градинката “Фидани” објектот “Цвет“ се целосно реновирани, од друга страна во ООУ “Исмаил Ќемали“ изградивме дополнителен објект од 580 м2 за 250 ученици кој заврши пред извесно време и веќе децата се сместени во најмодерните училници, ја градиме најголемата градинка во цела Северна Македонија за 350 деца – “Бамби“и секој кој ќе помине низ Чаир тоа може слободно да го види оти веќе е во напредна фаза на градењето, во Стадионот на Чаир изградивме нова Трибина, нова соблекувална, нови административни простории. Кога сме кај спортот изградивме спортска сала кај ООУ“Конгреси и Манастирит“, другата сала ја започнавме кај ООУ “Јашар Беј Шкупи“, а спортската сала на ООУ “Адем Јашари“ е со најмодерниот систем за греење и ладење. За само четири години креиравме над 110.000 метри квадрат зелени површини, поставивме 16 детски игралишта со најмодерни реквизити, поставивме 6 фитнес зони, започнавме проект со кој сите бездомни кучиња на еден начин ги вдомуваме. На Скопската стара чаршија и дадовме изглед кој го заслужува со менување на 137 излози на дуќаните и менување на 2600 метри квадрат калдрма. Тука ќе го спомнам и решавањето на проблемот со паркинг местата при што успеавме да креираме речиси 1500 паркинг места, уште 3.000 нови паркинг места следуваат по достигнувањето на договорот за стратешко инвестирање компанијата Мабетекс. Повторувам овие се само дел од реализираните проекти. Значи јас со овие проекти не се фалам туку истите се вистински реализирани проекти кои имаат единствена цел добробитт на  нашиот граѓанин.

НоваТВ: Што е она што прво би го направиле за Чаир. Имате ли посебно омилени проекти ?

За Чаир би направил буквално се затоа што Чаир е мојот живот,мојата душа, моето семејството, мојата гордост. Со мојот тим создадовме посебна програма која е реална и која е направена врз основа на потребите на граѓаните. И кога ја работевме ја перцепиравме како програма на проблеми и решенија. Ја базиравме на пет главни столбови:

Решавање на прашањето на паркирањето – Паркинзите не само што ги ослободуваат тротоарите и овозможуваат слободно движење на граѓаните, послободен одвив на сообраќајот, што значи уште помало загадување. Досега Општина Чаир успеа да создаде повеќе од 1500 нови паркинг места, реализирани во различни населби во Чаир. Вреди да се споменe дека по реновирањето на Бит пазар, на горниот кат, се создадени 220 нови паркинг места. Но на 6 септември беше потпишан и стратешкиот проект за 3000 нови паркинзи, инвестиција која изнесува над 80 милиони евра, помеѓу Општина Чаир и реномираната компанија Мабетекс на Беџет Пацоли. Тој се нарекува стратешки проект  затоа што, ќе го спроведе концептот на зелена општина, ќе создаде нови работни места, ќе заживеат многу нови делови од градот за туризам, вклучувајќи ја и Скопската чаршија. Ова е еден од најгигантските проекти потпишан од Општина Чаир.

Од овој проект за стратешка инвестиција, буџетот на Општина Чаир исто така ќе има директни придобивки со наплата на над 4.000.000 евра општински даноци, кои ќе бидат наменети за нови капитални инвестиции во Општина Чаир.

Решавање на прашањето на сообраќајот –  Проширување на булевар „Цветан Димов“ – Тоа е еден од најважните проекти што на крајот ќе го олесни сообраќајот и ќе ги забрза комуникациските линии. Покрај тоа, опремата со велосипедски патеки ќе го подобри и намали загадувањето. Ова улица со должина од 1.000 метри ќе се прошири од двете страни на улицата со ширина од 35 метри, кој ќе има  6 ленти и зеленило помеѓу лентите, тротоари од двете страни и патеки за велосипед, исто така, од двете страни на улицата. Оваа инвестиција достигнува е со вредност од 7.000.000 евра.

Проширување на улицата  „Македонска Косовска Бригада“ – Улица со должина од 1600 метри и ќе се прошири од двете страни со ширина од 40 метри, кој ќе има четири ленти и зеленило помеѓу лентите, тротоарите и патеки за велосипед. Оваа инвестиција достигнува вредност од 4.000.000 евра.

Поврзување “Џон Кенеди” – „Никола Карев“  – Пробивање на улицата “Џон Кенеди” и нејзино поврзување со булеварот “Никола Карев”.  Улицата е со должина од 400 метри и ќе се прошири од двете страни со ширина 25 метри.

Со цел да се намали застојот на главните улици и да и се помогне на општината во расчистувањето на булеварите и главните улици, Општина Чаир изработи план за поделба на еднонасочните улици во рамките на Општина Чаир.  Ова во голема мера ќе го олесни сообраќајот.

Создавање на уште по зелена општина –Нашите екипи и така се на терен секој ден но она што носиме како новина е мобилни тимови за секое маало за чистење – чистењето е темел на секој дел. Значи Општина Чаир, покрај чистењето и редовното одржување на градот, ќе го унапреди надзорот преку еко-патроли или контролни тела, кои ќе се занимаваат со еколошко одржување на животната средина.

Гасификација на училишта и јавни згради е еден од најголемите проекти поврзани со реализација на зелената агенда и имплементација на политики што ќе ги намалат емисиите на гас од системите за централно греење. Ваквиот проект драстично ќе ги намали трошоците во училиштата, средства кои ќе бидат наменети за изградба на нови училишта, опремувајќи ги со други наставни средства, вклучително и студиски лаборатории, сали и учебници.

Бездомните кучиња – Општината деновиве започна со решавање на проблемот со кучињата бездомници и благодарение на долгогодишната соработка со „Happy Shelter“, преку која, ќе се направи собирање на кучиња бездомници, нивна грижа, вакцинација.

Унапредување на образованиетоУниверзитетски комплекс „Мајка Тереза“ – Деновиве, на 59 -тата седница,  Советот на Општина Чаир го усвои Деталниот урбанистички план за блок 9 од градските четврти ССИ 03, кој предвидува изградба на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Општина Чаир.

Проширување на капацитети на основните училишта во Чаир – Општина Чаир продолжува да расте и да се населува. Поради зголемувањето на бројот на ученици во некои училишта во Чаир, планираме да го прошириме капацитетот на училиштата со нови училници и опрема. Овој тип на проширување ќе го следи моделот на проширување на училиштето “Исмаил Ќемали”.

Нови базени – во рамките на овој мандат, покрај затворени сали и отворени спортски терени, се планира да се изградат 3 нови базени, кои ќе го опфатат целиот Чаир. Целта на овие базени е првично реализација на спортскиот план на основните училишта во рамките на физичкото образование, во тој случај учениците ќе имаат можност да учат пливање и рекреација за време на училишните часови и надвор.

Нов спортски комплекс – за време на овој мандат, во рамките на партнерството потпишано со компанијата Мабетекс, ќе се гради нов спортски комплекс на улицата „Џон Кенеди“ во салата Партизан. Изградбата на оваа спортска сала ќе донесе нов спортски дух во општината и ќе ги стимулира младите луѓе кон здрави активности и спречување на девијантно однесување.

Општинска библиотека и читална (зграда Иса Бегу) – Изградба на Библиотеката во Сахат Кула која ќе има површина на градежна парцела од 732 м2 и изградба на зграда П + 2 со површина од 744 м2. Инвестицијата за овој проект е 850.000 евра.

Зајакнување на локалната економија и социјалната заштита–  Продолжување на реконструкцијата и одржувањето на Чаршијата – досега, во рамките на реставрацијата на излози, завршени се вкупно 137 излози, а наскоро се очекува да почне  реконструкцијата на 450 другите излози на Чаршијата.

Подобрувањето и санацијата на калдрмата во Чаршијата ќе продолжи да биде приоритет за Општина Чаир, а наскоро ќе започне со реставрација на улица „Самарџиска“ и „Златарска“. Овој проект ќе вреди 350.000 евра.

  • Центар за иновации и претприемништво за стартап бизниси – Одделни простори за поддршка на стартап бизниси, иновации и претприемништво кај младите луѓе.
  • Еден од главните столбови на економијата на Чаир воопшто и особено на Чаршијата се занаетчиството. Досега, дури и за време на пандемијата, ги поддржувавме овие бизниси кои веќе се загрозени со денови поради дивата индустријализација и сериското производство. Ќе промовираме и спроведуваме разни проекти за поддршка на занаетчиите, преку грантови, постојани обуки за маркетинг и нивна промоција на светски саеми.

Грижа за стари лица – Општината ќе обезбеди активна грижа за стари лица со здравствени и социјални услуги преку лиценцирани лица и персонал.

Центар за лица со посебни потреби – Во овој мандат, покрај поддршката и помошта за лица со посебни потреби, Општина Чаир ќе се заложи за изградба на социјален центар за поддршка на овие луѓе кои се составен дел од нашето општество.

НоваТВ: Што е она што најмногу ви пречи во општина Чаир. Бидејќи сте градоначалник што по втор пат се кандидира за оваа позиција, има ли нешто што си забележувате на себеси дека сте можеле подобро и побрзо да го направите?

И на почетокот реков дека сме реализирале повеќе од 200 многу битни проекти за граѓаните на нашата општина, сепак секогаш имаме желба да направиме уште повеќе за општината на нашето срце – Чаир. Постојат моменти кога се прашувам себеси дали сум можел уште подобри работи да направам за Чаир и одговорот веднаш доаѓа сам по себе дека секогаш постои простор за уште повеќе проекти за Чаир, затоа и сме во трка за нов мандат .

 НоваТВ: Нашето последно прашање е лично. Како би се опишале себеси. Што е она што ве радува и растажува, кое е вашето хоби, пасија, нешто без што не можете. Кој жанр книги ви се омилени,која музика,кој филм а секако јавноста ја интересира и вашето животно мото?

Јас инаку сум универзитетски професор по физичко образование, претежно сум мирен човек, многу сум поврзан со моето семејство кое  го сакам најмногу во светот – моите три деца и сопругата. Најмногу ме радува моментот кога ќе успеам да бидам причина за насмевка на лицата на луѓето, а ме растажува кога  не можам да бидам  причина за таа насмевка. Спортот е мојата пасија, конкретно фудбалот. Жанр на книгите кои најмногу ме привлекуваат се биографиите на светските личности а во моментов ја читам книгата на Барак Обама – “Bетена земја”, слушам претежно класична музика, но бидејќи сум татко на три млади момчиња многу често знам да слушам и модерна музика. Што се однесува до филмовите се обидувам да останам во тренд со најновите светски хитови па така ова што последно следам е “Money Heist”. Моето животно мото секогаш било едно и единствено – Добрината пред се!

М.Т.