Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инвеститорот на објектот каде почина девојче,немал одобрение за градба

2
By Соња Петрушевска on July 4, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ТВ 24
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инвеститорот на објектот во општина Илинден каде што вчера се удави 13 годишно девојче немал дозвола за градба – изјави за НОВА ТВ градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.

Стојановски вели дека инспекторите од општината извршиле увид на местото каде што инвеститорот почнал подготвителни активности и утврдиле дека не се почитувани елементарните услови за градење.

„Изразуваме сочуство за несреќниот случај. Како општина очекуваме од сите градежни фирми да  ја знаат и почитуваат процедурата согласно Законот за градење и другите закони. Во овој случај инспекторите утврдија дека не се почитувале елементарните услови“ рече Стојановски за НОВА ТВ.

Денеска инвеститорот со дрвени огради го заградил местото каде што вчера падна 13 годишното девојче и се удави во насобраната вода. Според Стојановски, инвеститорот сакал на местото да гради згради.

Сите податоци за инвеститорот и за направените пропусти ќе бидат доставени до Обвинителството. Од таму денеска соопштија дека е издадена наредба за обдукција на девојчето и за прибирање на дополнителни податоци.
„Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност“ соопшти Јавното обвинителство.
Жителите на општина Илинден бараат одговорност за смртта на девојчето  и прашуваат „Дали можеше трагедијата да се спречи“.
Девојчето се удави во ископ исполнет со вода во месноста Бигла во населбата Илинден. Според изјави од жители на Илинден, 13-годишното девојче  влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката.

 

Жика Стојановски Илинден почина девојче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.