Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инвестиција за навремено наводнување на 2.150 хектари модерно земјиште во Валандово

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со водните ресурси и без современи системи за наводнување, не можеме да зборуваме за развиено земјоделство“, рече премиерот Зоран Заев по повод изградбата на системот за наводнување со кој се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

Премиерот Заев рече дека со ваквите инвестиции се зголемува конкурентноста на земјоделство, а тоа значи и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион.

– Модерно, конкурентно, извозно ориентирано земјоделство е еден од нашите приоритети. Даваме силна поддршка за земјоделството и затоа од голема важност е да се користат сите повици и програми на Владата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агро-секторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничка цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата, а со тоа и на севкупната економија, рече Заев.

Вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека севкупната инвестиција е над 24 милиони евра, а проектот е од исклучително значење за валандовско-гевгелискиот регион.

– Огромна инвестиција сметам дека треба да е пример за тоа како ние политичарите треба да постапуваме одговорно кон интересите на граѓаните, кон она што е наша обврска и што побрзо да создадеме сè подобри услови за земјоделците, особено за оние од овој регион коишто тоа го работат. Но, имавме и визија, не застанавме тука, туку уште тогаш работевме на она што денес, еве повторно, се гледа како реалност низ постапките, а тоа е одлуките кои Владата ги носеше за дополнителни 100 милиони евра за четири нови системи за наводнување. Денес сме сведоци на овој систем за наводнување кој го пуштаме во употреба, но ја имаме визијата и веќе Министерството и сите структури работат и на Јужно-вардарска долина трета фаза, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување за коишто верувам дека сведоци ќе бидеме во наредниот период, рече Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа рече дека без вода, нема конкурентно земјоделско производство.

– Без модерни системи за наводнување, нема развој на агро-секторот. Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада. Токму затоа, денешниов ден е од историско значење за државата, за институциите, за општините, а најмногу за земјоделците од овој регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја зголемува конкурентноста на земјоделскиот сектор. Во целиот тој процес наводнувањето има огромна улога. Токму затоа, Министерството ќе продолжи да се залага за изградба на нови системи за наводнување. Во Инвестицискиот план за управување со водите и инфраструктурата за наводнување, предвиден е буџет за рехабилитација и модернизација на постоечката инфраструктура за наводнување, како и поправка на мали брани и резервоари. Изработени се основни проекти за мали системи кои треба да се градат во иднина и за кои е обезбедено финансирање, рече Хоџа.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов изјави дека завршена е најголемата инвестиција од постоењето на Општината и реализиран е проект од суштествено значење за општинскиот развој.

– Трасиран е патот кон чиста и еколошка животна средина со развиено земјоделство. Системот за наводнување „Јужна Вардарска долина” е капитален проект од огромна важност за граѓаните. Истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година. Искажувам благодарност на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и сите вклучени во реализацијата на овој проект, рече Костадинов.

Заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, го изрази задоволството од завршената инвестиција – системот за наводнување, од застарен отворен канал до модерен и целосно автоматизиран систем за поефикасна употреба на вода, но и на енергија.

– Најважно е дека со оваа инвестиција земјоделците како крајни корисници ќе имаат сигурна вода за наводнување за своите полиња, а со тоа и многу подобра перспектива за планирање на нивното производство како и подобри услови за работа, Граф.

Средствата за успешна реализација на проектот се обезбедени 30% од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 70% во договор со Владата на Сојузна Република Германија, застапувана од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем под поволни услови.

Валандово Земјоделие инвестиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.