Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инженери на Република Македонија за изборот на нова хидроелетрана: Проектот „Козјак Запад“ нуди значајни предности

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 28, 2025 11:49

Инженери на Република Македонија упатуваат апел до Работната група за енергетика, формирана од Министерството за енергетика, да се разгледаат сите опции пред изборот на нова хидроелектрана.

Помеѓу изградбата на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и изградба на пумпно-акумулациона хидроелектрана „Голем Чебрен“, Инеженери на Република Македонија сметаат дека првиот проект има значителна предност.

Проектот „Козјак Запад“ користи постоечко природно вдлабнување на теренот за создавање на горен резервоар со преместување вода од езерото Козјак, кое служи како долен резервоар. Така се минимизира потребата за големи градежни интервенции и се намалуваат вкупните трошоци на проектот. „Козјак Запад“ обезбедува складиран капацитет од приближно 90 GWh, што е 22,5 пати повеќе од капацитетот на „Чебрен“, кој обезбедува околу 4 GWh. Инсталираната моќност на „Козјак Запад“ може да надмине 1000 MW, додека „Чебрен“ е проектиран на 333 MW, велат тие.

Инженери на Република Македонија сметаат дека проектот „Козјак Запад“ ќе има значително пониски трошоци, бидејќи проектот главно подразбира инсталација на турбини, цевководи и постројки, без изградба на големи бетонски брани.

Додека цената за изградба на „Чебрен“ ќе биде пет пати повисока, сметаат тие.

Животниот век на „Козјак Запад“ се проценува на над 100 години со минимално одржување, за разлика од „Чебрен“, каде што поради обемните градежни структури се очекува посложено и поскапо редовно и вонредно одржување. „Чебрен“ бара изградба на 190 метри висока бетонска брана и други масивни инфраструктурни зафати, додека „Козјак Запад“ максимално го искористува природниот терен, без потреба од нови брани. Ова ја намалува техничката сложеност и го минимизира ризикот од доцнења и дополнителни трошоци, потенцираат инженерите.

Според нив за изградба на „Чебрен“ ќе бидат потребни од 8 до 10 година, а „Козјак Запад“ може да биде завршен за 3 до 5 години.

Што се однесува до влијанието врз животната средина, проектот „Голем Чебрен“ има значително поголемо влијание поради потребата за масивни градежни интервенции во природното опкружување. Напротив, „Козјак Запад“ има минимално влијание и овозможува ефикасно искористување на природните ресурси. Дополнително, „Чебрен“ зависи од протокот на Црна Река, што создава дополнителни ризици и ограничувања, додека „Козјак Запад“ функционира како затворен систем со постоечки долен резервоар — езерото Козјак — без значајна зависност од надворешни водни текови, апелираат од Инженери на Република Македонија.

Од суштинско значење, велат тие, е што „Козјак Запад“ може да обезбеди складирање на електрична енергија доволно за 100% покриеност со обновливи извори на енергија (ОИЕ), додека „Чебрен“ би покрил само околу 20% од потребите.

Проценуваат дека за вкупна реализација на „Козјак Запад“ би биле потребни помалку од милијарда евра.

Не помалку важно, локацијата за „Козјак Запад“ е идентификувана врз основа на Атласот на локации за реверзибилни хидроелектрани изработен од Австралискиот национален универзитет, што дополнително ја потврдува стручноста и квалитетот на селекцијата, напоменуваат инженерите.

Тие очекуваат Работната група за енергетика да го препознае потенцијалот на проектот „Козјак Запад“ и да поддржи решение кое е поекономично, побезбедно, побрзо за реализација и со минимално влијание врз животната средина.

 

инженери на република македонија козјак запад работна група за енергетика хидроелектрани Чебрен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.