Триполи: Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци пред два дена се запали покрај либискиот брег.
ИОМ соопшти дека им пружила медицинска помош на преживеаните.
Либија стана транзитна рута за мигрантите кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку Медитеранот по падот на диктаторот Моамер Гадафи во 2011 година за време на востанието поддржано од НАТО.
Според податоците на ИОМ, само годинава над 860.000 мигранти од 44 земји престојувале во Либија.с