Воените сили, полицијата и паравојските на Ирак го ослободиле целокупниот центар на Хавиџа и продолжуваат да напредуваат, изјави командантот на операцијата Абдел Амир Јаралах, објави АФП.
Ирачките сили го зазеле градот Хавиџа и околината, кои беа упориште на Исламската држава.
Ројтерс пренесува дека на екстремистите од Исламската држава сега им останало уште едно упориште на северот на Ирак, подрачје долж западната граница со Сирија.