Иранскиот претседател Хасан Рухани побара од Американците „конструктивен пристап“ за спорните проблеми, вклучувајќи ја и нуклеарната програма на неговата земја, велејќи дека неправилното справување со нив води кон сечија загуба.
„Мора да работиме заедно кон завршување на нездравото ривалство и разлики кои водат до насилство и не делат“, изјави Рухани за Вашингтон Пост.
Минатата недела и претседателот на Русија, Владимир Путин зборуваше за меѓународната воена акција во Сирија, особено за САД, кои според него Американците треба да се сметаат себе за „исклучителни“.
Но изјавите на Рухани се разликуваат од тие на Путин.
„За да се придвижеме од ќор-сокакот, … ние треба да се стремиме повисоко“, надополнува Рухани. „Наместо да се фокусираме на тоа како да се спречи работите да не одат на полошо, ние треба да размислуваме, и да зборуваме за тоа како да ги подобриме нештата“.
Отфрлајќи ја ерата на крвна одмазда, и идејата за дипломатијата како „игра со нулта износ“, Рухани побара од лидерите да се залагаат за заемна почит и соработка.
„Мојот пристап кон надворешната политика се обидува да ги реши прашањата преку посочување на причините“, заклучува Рухани. „Ние мора да работиме заедно да им ставиме крај на нездравите ривалства и пречки кои водат кон насилство и не разделуваат“.