Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИРЛ го со демант го „утепа“ Бранко Героски за манипулаците: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

0
By Zoran Ivanov on October 12, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 12, 2025 21:31

По објавите на Бранко Героски од Плусинфо, во кои се сугерираше дека ИРЛ сокрила и селективно објавувала докази во нивната сторија за Кочани, ИРЛ попладнево жестоко реагираа со фактографија.

Реакцијата на ИРЛ со наслов „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници или како Бранко Героски редовно ги „истражува“ ИРЛ, но никогаш олигархијата и мафијата“, ја пренесуваме во целост.

„За Бранко Героски, долгогодишен уредник, ко-сопственик и главен и одговорен уредник на порталот „Плусинфо“, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес, што е не само контрадикторно, туку и штетно за јавноста и за засегнатите од пожарот во „Пулс“. Неговите објави по ништо не се разликуваат од оние на анонимните твитер-профили и контроверзни медиумски ликови како Зоран Буревесник и Марјан Доказ.

По Зоран Божиновски, т.н. Буревесник, и разни анонимни твитер-профили кои тврдат дека истражувањето за Кочани било направено за да се заштитат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од една страна, па дури и Левица и Бугарите од друга, денеска Бранко Героски тврди дека сторијата се објавила за да се заштитат државниот јавен обвинител и поранешни функционери од СДСМ – Оливер Спасовски, Сања Лукаревска и Благој Бочварски.

За Бранко Героски, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес, што е не само контрадикторно, туку и штетно за јавноста и за засегнатите од пожарот во „Пулс“.

Неговите објави по ништо не се разликуваат од оние на анонимните твитер-профили и контроверзни медиумски ликови како Зоран Буревесник и Марјан Доказ.

Редакцијата на ИРЛ ги отфрла обвинувањата на Героски како неточни, злонамерни и штетни по јавниот интерес.

Во својата објава Героски сугерира дека ИРЛ намерно ги сокрила имињата на функционери од СДСМ за да ги заштити обвинителите и државниот јавен обвинител Коцевски, и да ја сврти приказната на штета на Владата.

„Кој и како одлучил кој дел од телефонската комуникација да ѝ го презентира на јавноста, а кој да го скрие?“ – прашува Героски, иако самиот не нуди одговор на ова прашање. Во истата објава тврди дека сторијата за Кочани е „нарачка“ од некакви мрачни сили, за веднаш потоа да признае дека не се разбира во истражувачко новинарство и не знае што е јавен интерес.

Во целата телефонска комуникација на Михаил Јованов, синот на сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, којашто била доставена до судот, а ја поседува ИРЛ, не постои ниту еден доказ дека тој или некој од обвинетите оствариле директна комуникација со Оливер Спасовски, Сања Лукаревска или Благој Бочварски.

Комуникацијата што ја објави ИРЛ се одвива исклучиво меѓу Михаил Јованов и даночните контролори Драган Паунов и Дуле Димитриев, како и други инспектори со кои тој имал директна комуникација. Оваа комуникација докажува директна и непосредна инволвираност во следниве дела: оддавање доверливи информации, злоупотреба на службена должност и примање поткуп.

Иако ги обвинува ИРЛ дека кријат информации, единствениот аргумент за тоа му е изнесеното тврдење дека одреден свиркач му дал само делови кои што тој ги побарал, што укажува дека Героски не е заинтересиран за целата вистина, причината поради која ние сме нападнати. Зошто, доколку имал пристап до информации од целата истрага, не ги побарал сите документи, нешто што би го направил и новинар почетник. ИРЛ, за разлика од Плусинфо, своите податоци ги провери и потврди од два независни извори, за што ни беше потребен исклучителен напор, време и ресурси. Доколку имал ваков пристап порано од сите други, тогаш зошто не и помогнал на јавноста и на жртвите да добијат квалитетна правда? Контрадикторно, тој смета дека ова сепак не е тема за која медиумите треба да известуваат.

Героски сугерира и дека ИРЛ го штити државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, што претставува невистина. Напротив, работата на овој обвинителски тим е и клучната критичка аргументација во сторијата на ИРЛ за што потврда се и бројните реакции од оваа институција по објавата.

Истражувачкото новинарство, особено она што се води според светски професионални и етички стандарди, подразбира обезбедување докази за сите тврдења и барање на втора страна. Задачата на новинарите не е да пласираат непроверени информации, туку да ја информираат јавноста објективно, точно и вистинито.

Героски има напишано многу објави, но ретко во интерес и одбрана на обичниот граѓанин. Наместо тоа, неговата работа често е посветена на промоција и заштита на моќни луѓе како Кочо Анѓушев, Јордан Камчев, Ратко Димитров, Жан Митрев и други пријатели и огласувачи.

ИРЛ, според Героски, е „лош општествен актер“ достоен за напад од неговото селективно перо, но во исто време, тој дава поддршка на медиуми како порталот „Доказ“, чиј сопственик Марјан Стаменковски беше уапсен со 90.000 евра во кеш, додека Героски дежураше пред неговиот стан.

Истовремено, Героски ниту еднаш не известуваше од протестите во Кочани што говори за неговите вистински мотиви повеќе од сите негови објави за ИРЛ.“

 

Оригиналниот текст на уредникот на ПлусИнфо Бранко Геровски може да го причитате на овој линк.

 

геросдки денамт ИРЛ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.