Published: Monday, September 9, 2013 14:21
Жената пронајдена обесена на дрво во шума во близина на кичевскиот хотел „Панорама“, на патот кон Крушино е исчезнатата Французинка Валери.
Денеска сопругот на Французинката Валери Бара Незировски го идентификуваше нејзиното тело, откако вчера полицијата ја пронајде обесена на дрво кај местото Крушица.Од полицијата информираат дека сопругот ги препознал предметите, облеката и конституцијата на лешот на сопругата.
Сепак, допрва ќе се прави дополнителна ДНК анализа со цел идентификацијата да биде целосна. На телото не се забележани траги од насилство, информираат од полицијата.
Триесет и деветгодишната Валери Бара-Незироски од Франција дојде во Кичево со својот сопруг. За исчезната се води од 25 јули годинава.




