Published: Saturday, November 2, 2013 15:56
По реакцијата на револтираните граѓани за сечењето на дрвја кај новата галија покрај реката Вардар, надлежни екипи, по налог на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, излегоа на терен.
Констатирано е дека се исечени 4 тополи на посоченото место на потегот од мостовите Гоце Делчев до Камен Мост.
Од Град Скопје е добиена информација дека ова сечење е по налог на градот Скопје, со ветување дека просторот ќе се озелени и хортикултурно ќе се уреди.
Општина Центар за жал нема никаква надлежност за и околу коритото на реката Вардар.
Општина Центар внимателно ќе следи дали ова ново сечење на дрвја е според планот и дали навистина просторот повторно ќе се зазелени.




