Елена Исинбаева, златнaтa девојка на рускиот спорт, се обиде да ги разјасни своите контроверзни коментари за правата на хомосексуалците и нејзината очигледна критика на колегите- спортисти за истакнувањето на ова прашање на Светското првенство во Москва, јавува Си-Ен-Ен.
Исинбаева го одбрани насловот на скок со стап за жени, пред нејзината восхитена публика во вторникот, а потоа два дена подоцна застана во одбрана на анти-геј пропагандните закони во нејзината земја по примањето на медалот.
“Ако ние дозволиме да се промовираат и да се прават сите тие работи на улица, ние многу се плашиме за нашата нација, бидејќи ние се сметаме себеси како нормален, стандарден народ”, изјави Исинбаева на англиски јазик на прес-конференција.
“Ние само поддржуваме да живеат момчињата со жени, жени со момчиња. Се мора да биде добро. Таа доаѓа од историјата. Ние никогаш не сме имале никакви проблеми, вакви проблеми во Русија, а ние не сакаме да имаме било какви проблеми во иднина.”, изјави Исинбаева.