Милитантите на исламската држава уништиле со експлозив две минариња на џамијата Ал Нури во стариот гард Мосул каде што нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади го имаше последниот настап во јавноста во 2014 година, соопшти ирачката војска.
„Нашите сили напредуваат и стигнаа на 50 метри од џамијата Ал Нури, каде што џихадистите направија историско злосторство, кревајќи во воздух две минариња до неа“, изјави ирачкиот генарал Дбуламир Јаралах. Во таа џамија Багдади во 2014 година прогласи калифат.
Од оваа средновековна џамија лидерот на ИД Абу Бакр ал-Багдади пред три години прогласи „калифат“ на териториите на Сирија и Ирак.
Новинската агенција на ИД, Амак, за рушењето на џамијата ја обвини американската војска.
„Припадниците на ИД извршија уште еден историски злочин. Тие ја урнаа џамијата Ал-Нури и нејзиниот минарет Ал-Хабда“, соопшти ирачката војска.
Експлозијата се случила кога единиците на ирачката армија се доближиле на околу 50 метри од џамијата, која се наоѓа во стариот дел на Мосул.