Џихадистите од терористичката организација ИСИС (Исламистичка држава на Ирак и Сирија, или ИЛИЛ, Исламистичка држава на Ирак и Левант) упатиле заканувачко писмо до амбасадата на Србија во Дамаск и им дале рок од 7 дена да го напуштат објектот или во спротивно ќе бидат мртви.
Писмото било фрлено во дворот на амбасадата. Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја потврдил информацијата за српските медиуми, но не сакал да даде друг коментар.