Шеесет и двегодишниот М.A. од тетовско Одри вчера (14 март) во 9 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека изведувајќи градежни работи во стара воденица во селото пронашол рачна бомба Ф-1, која била корозирана и која најверојатно потекнувала од Втората светска војна. Извршен е увид, а експолозивното средство било подигнато и транспортирано од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.