Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Искра во мракот

0
By Zoran Ivanov on February 8, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 8, 2025 21:51

Што остана од мене? Немав ниту раце за пишување, ниту нозе за трчање низ полињата на иновациите.

Tина Иванова

Напишав песна.

Потоа, напишав и расказ.

Напишав роман, не еден, неколку.

Па, повторно расказ.
Неколку раскази.

И потоа, уште неколку песни.

Одев по патот и размислував како да го завршам следниот роман, љубовен. Дали трагично како во ,,Ромео и Јулија“? Сакав смртта таму да биде малку бизарна и комична, оти ако не ѝ се смеам, ќе ме растргне како прегладнет ѕвер.

Па ќе ме снема, и потоа ќе се загрижам дали романот ќе ја има истата судбина како Моцартовиот ,,Реквием“.

Не! Нема да дозволам други раце да ги допрат овие листови во кои плукав парчиња гној од мојата душа, којашто дури ниту јас самата не ја познавав! Иако, мојот молив е веќе при крај од честото острење; но, сепак, за ова нешто се претворам во егоистичен вампир.

Ме пресретна еден дрвосечач, малку мутав навидум, наивен, но сфатив потоа, страдал од огромно количество на гнев поради недостиг на фантазија. Некоја нова болест којашто покосува и брзо се шири.

Ми ги исече рацете до пола со секирата: ,,Сега нема да пишуваш, ти проклетнице, доста ти беа идеи за уништување на благиот живот, замолкни конечно!“

Но, се сетив. Ги разлетав рамената лево-десно и ја пролеав крвта којашто прскаше од остатоците, а на асфалтот напишав: ,,Смрт за некадарните!“

Ми ги исече и рамената: ,,Готова си, ова е твојот крај. Светот е веќе креација, нема леб за тебе овде повеќе!“

Без моите крилја, не ми преостана друго освен да ги спакувам соништата во куфер. Немав каде да одам. Мислев да го оставам на таванот да го открие некој некогаш од некоја нова, идна Ж генерација. Ги редев песните нежно, една по една, со стапалата, како да диплам бебешки алишта.

Одеднаш се појави самовила со блага насмевка. Помислив ќе ме спаси, ќе ме одведе во нова инспирација, но нејзиното волшебно стапче се претвори во чекан со којшто ги здроби сите мои коски како ореви, толчени во аван. Ѓаволица во ангелски фустан.

Што остана од мене? Немав ниту раце за пишување, ниту нозе за трчање низ полињата на иновациите.

Хм, ми остана само устата здрава од мекото тело, кое немоќно лежеше на подот. Аналогии и метафори излегуваа како на фабричка лента.

Се додека едно чиновниче не го покри сонцето коешто ме грееше, стопирајќи се над мене. Нервозно ги извади сите безначајни листови во А4 формат од својата излитена актовка. Ги залепи на моето лице со селотејп толку цврсто, што кога ме спремаа за погреб, на моите образи имаше траги од пенкало: ,,Комисијата при Министерството за култура го отфрла проектот без образложение…“

Ме измија со сапун и вода. Се роди нов ден за нови уништувања. А, моите писанија заминаа во земјата на заборавот заедно со Адаџото во де-мол на Бах.

Наеднаш, прсна искра светлина од мрачните тунели.

Бах донесе нови идеи за трансформирање на светот на аспурдот.

Крилјата повторно се раширија, а во прегратките, тажните песни добија убост и топлина, топлина, каква што ѓаволските студени, мрачни, фекални дишни патишта, никогаш нема да можат да вдишат.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

тина иванова напишав песна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.