НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исмет Рамадани: Нашите стратешки партнери нема да дозволат инсталирање на експозитури кои ќе ја загрозат евроатлантската интеграција

0
By Mirjana on November 5, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Евроатлантскот совет на Македонија во интервју за НОВА зборува за актуелната политичка криза и последиците кои можат да произлезат од неа за остваруваење на стратешките цели..

НоваТВ: Како го оценувате исходот од овие избори како полтички конктекст за нашите евроатлантки интеграции?

– Самиот факт дека на локалните избори убедливо победи опозицијата,која во досегашната пракса,барем голем дел од неа,не покажа интерес за вредности кои се во контекст на евроатлантските интеграции,се доведува во прашање динамиката кон тој пат.Тоа ќе го манифестираат со деструкции на локално ниво со цел да внесат политичха криза за да предизвикуваат предвремени парламентарни избори,на кои по нивна проценка ќе победат.

НоваТВ :Какви последици според вас можат да произлезат од оставката на Зоран Заев и актулената полтичка криза?

– Оставката на Зоран Заев како личен морален чин е само добар воспитно политички пример за тие кои не знаат дека водечка функција значи и голема одговорност.Тоа што предизвикува криза е дека тој е премиер на коалициона влада,а тие инсистираат тој да продолжи на таа функција.Коалиционите партнери а посебно ДУИ се изричити да ја повлече оставката.Тие во него гледаат човек кој обединува се што може да е прогресивно.Во него се гледа лидер кој решава проблеми,негува добри меѓуетнички односи,меѓусоседска соработка и како цврсто определен за евроатлантската опција.Сега тој треба да одлучи, да удоволи на опозицијата со оставката или на тие кои му дале мандат на демократски парламентарни избори пред една година.Оставката е личен чин но понекогаш не се оправдува како лична одлука. Во периодот кој претстојува пред нас,во пандемија,енергетска криза,бугарското вето, декемврискиот самит на ЕУ,никој нема право да предизвикува политичка криза.

НоваТВ: Опозицијата во некои општини како што велат го враќа уставното име. Дали според вас Предспансиот договор се доведува во прашање и какви сде послеиците од таквите постапки?

– Треба да бидеме свесни дека оваа опозиција досега декларативно беше против Преспанскиот договор и тоа не предизвикуваше поголем институционален проблем со Грција. Фактот дека локалната власт претставува институција,а токму овие денови ВМРО-ДПМНЕ и Левица го негираат договорот а тоа значи и непочитување на Уставот на Република Северна Македонија,ќе создадат сериозни проблеми со Република Грција и со нашите евро-атлантски интеграции.

НоваТВ: Како го оценувате  актуелното коалицирање на албанските политички субјекти со оние од македонскиот  полтички блок?

– Во однос на меѓуетничките релации, ваквото коалицирање е чекор напред. Меѓутоа,непремостливата разлика во однос на правата на албанците и евроатлантските интеграции, засега може да се оцени само како преголема желба за власт. Времето ќе покаже!

НоваТВ: Можна ли е коалиција на Алијанса/Алтернатива со ВМРО ДПМНЕ и Левица без при тоа да се доведе во прашање процесот на европските интеграции?

– Ако поаѓаме од наративот и ставовите јавно искажани од овие политички партии, невозможно е да се најдат заедно во евроатлантската агенда и релаксирани меѓуетнички односи. Левица јавно се декларира против НАТО и ЕУ а ВМРО-ДПМНЕ не манифестира доволно вредности компатибилни на европските интеграции.

НоваТВ: Како ја оценувате улогата на ЕУ и нашите перспективи за старт на преговори? Има ли воопшто ЕУ кредибилитет за влијание во околности во какви се наоѓа сега?

– Во последно време сме сведоци дека ЕУ е доста анемична, свртена кон своите внатрешни проблеми и не покажува доволно кредибилитет во однос на проширувањето. Но,тоа што дава надеж е Администрацијата на Бајден која е покооперативна со ЕУ,а тоа значи поголемо влијание во Западен Балкан. Изјавата на високиот функционер на САД, Ескобар дека Северна Македонија и Албанија во декември треба да ги започнат преговорите со ЕУ е експлицитна и недвосмислена. Сето тоа ќе значи и голем притисок кон Бугарија да се повлече од ветото со изнаоѓање на компромисно решение со нас како соседи и сојузници во НАТО.

НоваТВ: Во ваква политичка атмосфера има ли изгледи за надминување на проблемите со Бугарија?

– За жал,сегашната политичка атмосфера не оди во прилог на подготвеност за решавање на проблемот со Бугарија. Затоа,брзо и ефикасно ќе го почувствуваме притисокот од нашите стратешки партнери. Тие нема да дозволат инсталирање на експозитури кои ќе ја попречуваат нашата евроатлантска агенда. Експлицитно ќе бараат од нас стабилна влада и конструктивна опозиција.

НоваТВ: Дали овој изборен процес беше објект на напади од странски фактори кои се противат на нашето членство во НАТО и ЕУ?

– Да,изборниот процес покажа дека на разни начини со финансиска и пропагандна активност одредени центри,противници на нашата евроатлантска опција,најдоа уточиште во некои мали партии и групации со намера да им наштетат на прогресивните сили во земјата.

Борјан Јовановски 

 

интервју Исмет Рамадани по оставка Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.