Сесиите за полагање испити се во тек, а дел од студентите ќе мора да го почекаат исходот од новообјавениот оглас за сместување во домовите.
Објавен е повторен оглас за аплицирање на студентите во студенските домови во Скопје и во внатрешноста. Станува за збор за 45 проценти од апликантите во чија поднесена документација се забалежани невалидни податоци, односно не совпаѓање на податоците кои студентот ги оставил на при електронското пријавување со онаа документација која ја поднел како потврда.
Преостанатите 55 отсто што приложиле уредна документација веќе од понеделник ќе почнат да се сместуваат во домовите, а остануваат слободни се 3.106 легла во десет домови низ Македонија.
Дел од студентите со кои разговараше НОВА се задоволни од тесниот филтер определен со строгите услови кои предвидуваат студетите – да немаат квадрирано година и да потекнуваат од социјално загрозени семејства.
„Јас аплицирав најрегуларно и примена сум во студетскиот дом Гоце Делчев“, вели студентка од трета година на факултет, „ќе бидам сместена во двокреветна соба без воопшто да плаќам надомест, бидејќи сум дете без еден родител“.
Голем е бројот на студентите кои свесни за малобројните студентски легла и поради лошите услови во домовите воопшто не поднеле документи.
„Условите во дом се катастрофа, хигиената е на страшно ниско ниво, ентериерот е сикршен, лифтовите се амортизирани, топлата вода има зависно од спратот“, се жалат академските граѓани.
>>Студентите лути на лошите услови во домот „Гоце Делчев“
Предвидени се казни 7.500 до 15 илјади евра за директорите на студентските домови кои ќе им доделат кревети на студенти кои не ги исполнуваат условите предвидени со закон.
>>Драконски казни за директорите за ред во студентските домови
Од 6400 слободни легла со новите измени 40 проценти се наменети за ранливите категории.




