НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Испораката на природен гас не е прекината, имаме алтернативи, порача министерот Бектеши

0
By Sashko on April 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засега нема прекин на снабдувањето со гас во Македонија, откако Русија ги прекина испораките за Бугарија од каде земјава го добива гасот. Македонија не е многу зависна од гасот како енергенс. Најголем дел се троши од топланите, а грејната сезона е завршена. И да има целосен прекин на рускиот гас, ефектот ќе биде скоро нула, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Македонија засега непречено се снабдува со гас, откако Русија ги прекина испораките на природен гас за Полска и за Бугарија, затоа што одбиваат да плаќаат во рубљи. Русија ја воведе оваа мерка за земји кои ги прогласи за непријателски, откако ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.

Полска и Бугарија се транзитни земји за гасот, но прекинот засега не се одразува на трети земји кои добиваат руски гас преку нив. Македонија го добива гасот од Русија преку Бугарија од каде што влегува единствениот гасовод во земјава.

„Ситуацијата знаеме дека е многу комплексна и никогаш не се знае какви одлуки може да се донесат наредните денови“, рече министерот за економија Крешник Бектеши, кој додаде дека засега нема најави на прекин за испораките за Македонија.

Среќа во несреќа е што Македонија не е многу зависна од гасот како енергенс и потрошувачката по жител е многу помала отколку во европските земји, иако потрошените количини секоја година се зголемуваат. Бектеши вели дека над 80 отсто од увозот на природен гас се користи од топланите, а грејната сезона е веќе завршена.

„Ние сме подготвени како институции, сите компании се подготвени. Каква и одлука да се донесе, кај нас влијанието ќе биде многу мало, минимално, да не речам нула“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

Лани биле потрошени 426 милиони нормални метри кубни природен гас, а од почетокот на годинава биле увезени 127 милиони. Над 60 комерцијални и јавни потрошувачи и постројки за производство на струја и топлина се директно поврзани на преносната мрежа на природен гас. Со оглед на тоа што Македонија нема складишта за чување на природен гас, според правилата за снабдување со природен гас на Регулаторната комисија за енергетика, секој потрошувач е должен да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија, како што е мазут, течен нафтен гас, компримиран природен гас или екстра лесно гориво. Со оглед на тоа што 80 отсто од гасот трошат топланите, за другите може да се снајдеме, вели Бектеши.

„Околу 20 отсто од целосната потрошувачка, посебно за потребите на индустријата, може да најдеме и преку снабдување со компримиран природен гас. Такво искуство веќе имаме во нашата држава, тоа веќе се прави во ЈП Струмица гас, но сега зборуваме хипотетички, ако се случи целосен прекин на снабдувањето со природен гас преку преносната мрежа која ја имаме со Република Бугарија. Такви најави како институции немаме, и од страна на Руската Федерација и од Република Бугарија“, рече Бектеши.

Тој најави дека наредната недела во Софија ќе има состанок со министрите од целиот регион на кој ќе се разговара за снабдувањето со гас.

Бектеши рече дека се прават планови, ако Русија побара гасот да се плаќа во рубљи, но таква одлука не е донесена.

Речиси целиот гас во земјава е руски, а единствениот гасовод во земјава доаѓа од Бугарија преку гасоводот Турски тек.

На долг рок се работи на диверзификација на снабдувањето со гас. Бектеши вели дека тендерот за изградба на гасниот интерконектор со Грција ќе се објави во јуни, а во рок од 18 до 20 месеци треба да биде завршено гасното поврзување со Грција, преку која Македонија ќе добие пристап и до азербејџански гас.

Освен Македонија, преку Турскиот тек се снабдуваат и Србија и Унгарија.

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека прекинот на испораки од страна на Гаспром еуцена и грубо прекршување на договорот. Тој рече дека Бугарија ги преразгледува сите договори со Гаспром, вклучително и договорот за транзит.

Гаспром, пак, денеска предупреди дека ако Бугарија и Полска нелегално користат од гасот за трети земји кој поминува низ нивна територија ќе ги намалат испораките „за извлеченото количество“. Тоа значи дека ако Бугарија искористи гас кој е наменет за Македонија, тогаш земјава ќе добие помала количина.

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска реагираше дека прекинот на испораките за две членки на ЕУ е уште еден обид на Русија „да го користи гасот како инструмент за уцена“.

„Ние сме подготвени за ова сценарио. Во близок контакт сме со сите земји-членки. Работевме на обезбедување алтернативни испораки и на најдобрите можни нивоа на складирање низ ЕУ“, соопшти таа.

Поголеми потрошувачи на гас има во Технолошко-индустриската зона во Бунарџик, а јавни претпријатија за снабдување со гас има во Струмица и во Куманово. Во Куманово има 100 потрошувачи, а во Струмица 315. Со оглед на тоа што до Струмица нема гасовод, тамошното јавно претпријатие дистрибуира компримиран природен гас.

РКЕ: Има техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во континуитет ја следи состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот. Во однос на најавите од страна на Русија за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија и дали тоа ќе се одрази во снабдувањето на земјава Ве информираме дека цевководот што минува низ Бугарија може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава има, изјавија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според достапните информации со кои располагаме, наведуваат од РКЕ, Макпетрол, кој е долгогодишен трговец со природен гас ги има подмирено обврските кон Газпром навреме што подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас.
Упатуваме на нашата легислатива која согласно членот 13, став (7) од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „ да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија“, во случај да нема природен гас. Што значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво.
Крешник Бектеши РКЕ руски „Гаспром“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.