Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исповед на Караџиќ:Геноцидот во Сребреница е дело на српски предавник

0
By Нова ТВ on December 8, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 8, 2016 09:51

Радован Караџиќ по долга и напорна процедура , со потпишување на неколку документи и одобрување од Судот за воени злосторства во Хаг, се согласил после интервјуто во германскиот весник „Цајт“, да даде прво интервју за српски медиум. Караџиќ е осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото над муслиманите и Хрватите во текот на војната во Босна и Херцеговина и тој реши да за српски „Неделник“ да проговори за случувањата во деведесеттите, неговата улога, како и за тоа кој е виновен за распад на Југославија.

„Војната ја доживеав со голема тага, дури и пред да избие. Бев прилично сигурен што ќе се случи ако продолжат настаните со туркање кон нелегална и еднострана независност. И тоа не само на основа на минатото, туку и на основа на се она што се случуваше во Хрватска во 1991 година., раскажува Караџиќ.

Тој за „Неделник“ вели дека според неговото мислење, главните виновници за војната биле „надвор од Босна и Југославија“.

„Иако меѓуетничките односи не беа идеални, нам ни беше добро и со муслиманските и со хрватските партии. Јас имав многу добар однос со господинот Изетбеговиќ“, рече Караџиќ.

Првиот претседател на Република Српска жали поради распадот на Југославија и начинот на кој е растурена.

„Ако Југославија морала да се распадне, тоа требаше да се случи како Скандинавија. Мени ми се допаѓаше Хрватска, таму сум стекнал добар дел од образованието и никогаш лично сум немал никакви проблеми, но нивните чувства против Југославија и Србите преовладаа и резултираа со уште едно крвопролевање“, вели Караџиќ.

За одговорноста за злосторствата во Сребреница, Караџиќ вели:

„Кој и да го направил тоа, бил предавник на српскиот народ и најмногу ги оштетил српските интереси. Тоа никогаш не се случило во нашата историја и не смее да се случи ни сега. Тоа беше целосно идиотски и глупо, да се направи злосторство кое може да се избегне, и тоа на крајот на војната која ја добивавме. За нас тоа беше неочекувано и неверојатно. Како тоа да го стори некој пореметен ум.“, изјавил тој во интервјуто.

 

Караџиќ во разговор за „Неделник“ зборува и со предвоениот договор со Алија Изетбеговиќ, односите кон Хрватска, како Изетбеговиќ предлагал обединување на Србите и Република Српска, за сеќавањата од средбите со актуелниот премиер Александар Вучиќ, зошто Сараево се уште го доживува како свој град, како и за тоа што би работел денес ако е на слобода.

интервју Радован Караџиќ Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.