НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истанбул: Голем протест против Ердоган

0
By Zoran Ivanov on March 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетици илјади луѓе се собраа во Истанбул за да протестираат против притворањето на градоначалникот Екрем Имамоглу, клучниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, во најголемата манифестација на незадоволство меѓу Турците во последната деценија.

Стотици илјади Турци ги послушаа повиците на опозицијата и излегоа на улиците во градовите низ земјата, откако Имамоглу беше приведен минатата недела под обвинение за наводна корупција. Протестите се главно мирни, но досега се приведени речиси две илјади лица, пренесува Ројтерс.

Републиканската народна партија (ЦХП) на Имамоглу, најголемата опозициска политичка групација, заедно со остатокот од опозицијата, групите за човекови права и западните држави, веруваат дека случајот против Имамоглу е од политичка природа, обид да се елиминира изборната закана за Ердоган. Владата го отфрла ова, тврдејќи дека тоа не влијае на судството и дека судовите се независни.

Десетици илјади демонстранти денеска, вооружени со турски знамиња и пароли, пристигнаа на брегот во областа Малтепе, на азиската страна на најголемиот турски град. Митингот „Слобода за Имамоглу“ беше организиран од ЦХП.

Фото: Слободен печат.мк

Ердоган Истанбул протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.